| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Рубио: САД би можела да го преиспитаат односот со НАТО по војната со Иран
Изјавите на Рубио доаѓаат во момент кога неколку европски сојузници одбија или го ограничија учеството во американските активности поврзани со војната против Иран, наведувајќи загриженост за легитимноста на операциите
Рубио: САД би можела да го преиспитаат односот со НАТО по војната со Иран
Ќе мора да ја преиспитаме вредноста на НАТО и на таа алијанса за нашата земја, изјави Рубио / Reuters
1 април 2026

Соединетите Американски Држави (САД) би можеле да ја преиспитаат вредноста на своето членство во НАТО по завршувањето на војната со Иран, изјави државниот секретар Марко Рубио, укажувајќи на растечкото незадоволство од односот на сојузниците.

„По завршувањето на овој конфликт ќе мора да го преиспитаме тој однос. Ќе мора да ја преиспитаме вредноста на НАТО и на таа алијанса за нашата земја“, изјави Рубио во интервјуто за „Фокс њуз“.

Тој додаде дека конечната одлука ќе ја донесе претседателот на САД.

Рубио ги критикуваше сојузниците во НАТО поради одбивањето да дозволат користење на нивните воени бази за потребите на американските операции.

„Не бараме од нив да извршуваат воздушни напади. Кога ни треба да ни дозволат да ги користиме нивните воени бази, нивниот одговор е ‘Не’. Тогаш зошто сме во НАТО?“, рече тој.

Иако нагласи дека долго време бил „еден од најсилните бранители на НАТО“, Рубио посочи дека Алијансата ѝ овозможила на Америка глобално проектирање на моќ преку базите во Европа, но предупреди дека постои ризик таа да стане „еднонасочна улица“.

„Зошто имаме толку многу американски сили стационирани во регионот ако во време на потреба нема да ни биде дозволено да ги користиме тие бази?“, додаде тој.

Изјавите на Рубио доаѓаат во момент кога неколку европски сојузници одбија или го ограничија учеството во американските активности поврзани со војната против Иран, наведувајќи загриженост за легитимноста на операциите и недостигот од консултации во рамките на НАТО.

Неодамна Италија го одби барањето на САД за слетување на воен авион во база на Сицилија, а Шпанија не дозволи да се користат нејзините бази и воздушниот простор за операции поврзани со војната.

Други сојузници, меѓу кои Обединетото Кралство, Франција и Германија, ја ограничија својата улога на одбранбена поддршка на регионалните партнери и повеќепати повикаа на деескалација на тензиите.

Повеќе
Еден теснец, глобално влијание: Зошто Ормускиот теснец е толку критичен за светот?
Координирана кампања на Грција за потиснување на турското малцинство во Западна Тракија
Трамп: Израел повеќе нема да го бомбардира Либан, САД го забранија тоа
Ердоган: Да не дозволиме зборовите да бидат заменети со оружје или преговорите со крвав конфликт
Иран го отвори Ормускиот теснец за сите бродови
Кац: Примирјето со Хезболах е привремено, мисиите во Либан ќе бидат завршени
Песков: Директното учество на ЕУ во конфликтот со Украина се зголемува, тоа ќе има последици
Стармет бесен бидејќи скандалот „Менделсон-Епштајн“ се продлабочува
Ал Шара: Сирија бара договор што ќе го гарантира повлекувањето на Израел до границите од 1974 година
Палестинската министерка за надворешни работи: Геноцидот на Израел врз жителите на Газа не е запрен
Хезболах бара запирање на израелските операции во согласност со договорот за прекин на огнот
Тајани: Кина да ја поттикне Русија да ја заврши војната во Украина
Барак: Сирија е квантен дипломатски потег што никој не го очекуваше
Србија го потврдува патот кон ЕУ и неутралноста на Форумот за дипломатија во Анталија
Сиљановска-Давкова: Балканот отсекогаш бил историски, географски и културно дел од Европа