Нетанјаху упадна во џамијата Ал-Акса за да го прослави еврејскиот празник Ханука

Кабинетот на Нетанјаху сподели фотографии од премиерот и неколку функционери, вклучително и американскиот амбасадор Мајк Хакаби, додека го посетуваат Западниот ѕид на местото

By
Нетанјаху упадна во џамијата Ал-Акса за да го прослави еврејскиот празник Ханука / Reuters

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес упадна во комплексот на џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим за да го прослави еврејскиот празник Ханука, јавува Анадолу.

Во соопштението, губернијата Ерусалим ја осуди посетата на Нетанјаху на Западниот ѕид на џамијата (ѕидот Ал-Бурак) како „нов провокативен потег“.

Ѕидот Ал-Бурак, од Евреите наречен Западен ѕид или Ѕид на плачот, е значајно религиозно место и за муслиманите и за Евреите и дел е од комплексот на џамијата Ал-Акса.

Кабинетот на Нетанјаху сподели фотографии од премиерот и неколку функционери, вклучително и американскиот амбасадор Мајк Хакаби, додека го посетуваат Западниот ѕид на местото.

Осумдневниот празник Ханука се одбележува од 14 до 22 декември.

Според палестинските власти, од вчера најмалку 210 нелегални израелски доселеници влегле во комплексот на џамијата Ал-Акса за да го одбележат овој настан.

Џамијата Ал-Акса е трето најсвето место во светот за муслиманите. Ова подрачје Евреите го нарекуваат Рид на храмовите, тврдејќи дека во античко време таму се наоѓале два еврејски храма.

Израел го окупираше Источен Ерусалим, каде што се наоѓа Ал-Акса, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година.

Во 1980 година го анектираше целиот град, потег што никогаш не беше признат од меѓународната заедница.