Трамп: САД ќе го суспендираат азилот на долго време
Според амаериканскиот претседател политиката е насочена кон мигрантите од земјите што ги опиша како „многу криминални“ и непријателски настроени.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација планира да го суспендира азилот за долго време. Ова следува по пукањето во близина на Белата куќа од страна на авганистански државјанин.
Зборувајќи за временска рамка, тој на пат кон Вашингтон од Флорида додаде: „Имаме доволно проблеми. Не ги сакаме овие луѓе. Нема временско ограничување, но може да биде долго време.
Трамп рече дека политиката е насочена кон мигрантите од земјите што ги опиша како „многу криминални“ и непријателски настроени. Тој ја издвои Сомалија.
„Таквите луѓе доаѓаат во нашата земја и ни кажуваат како да ја водиме нашата земја“, рече Трамп.
Тој се осврна на демократскиот претставник Илхан Омар, кој е роден во Сомалија.
Неговите коментари дојдоа откако Рахманула Лаканвал, авганистански државјанин, беше идентификуван како осомничениот вооружен напаѓач во нападот во кој загина еден припадник на Националната гарда, а друг беше ранет во близина на Белата куќа во средата.
Според извештаите на американските медиуми, Лаканвал влегол во САД во 2021 година по хаотичното повлекување на САД од Авганистан и претходно работел со повеќе владини тела на САД, вклучително и со ЦИА.