Македонските и Турските железници ја продлабочуваат соработката со нов договор

Турските железници во областа на инфраструктура имаат сериозен, брз и забележителен прогрес, меѓу другото, веќе се и сериозен регионален тренинг-центар, рече директорот на Македонски железници - инфраструктура, Синиша Ивановски

By
Со потпишувањето на договорот Турските железници ставаат на располагање дел од своите капацитети / AA

Македонски железници - инфраструктура и Турски железници потпишаа договор за блиска соработка.

Директорот на „Македонски железници - инфраструктура“, Синиша Ивановски, на социјалните мрежи објави дека потпишале договор за блиска соработка со генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Државни железници на Република Туркије (ТЦДД), Вејси Курт.

„Турските железници во областа на инфраструктура имаат сериозен, брз и забележителен прогрес. Меѓу другото, веќе се и сериозен регионален тренинг-центар. Со потпишувањето на договорот дел од своите капацитети ги ставаат на располагање“, напиша тој.

Ивановски додаде дека размената на искуства и практики во наредниот период ќе бидат придобивка.