| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Најмалку 16 загинати во земјотрес во Тибет
Податоците од Кинескиот центар за земјотреси (ЦEНЦ) покажуваат дека по најсилниот земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер, во околните области се регистрирани голем број помали земјотреси, со јачина помеѓу 3 и 4 степени
Најмалку 16 загинати во земјотрес во Тибет
Локалните противпожарни и спасувачки екипи се мобилизирани и се упатуваат кон погоденото подрачје, објавија државните медиуми

Земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер го погоди кинескиот регион Тибет во четврток вечерта, при што загинале 16 лица, а 32 се повредени, објави државната новинска агенција Ксинхуа.

Ова е најсилниот земјотрес што ја погодил кинеската почва од јануари 2024 година. Од 32 повредени, 11 моментално се во сериозна состојба.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри во ретко населениот високопланински округ Нагку во северен Тибет. Епицентарот бил на околу 400 километри од тибетскиот главен град Ласа.

Локалните противпожарни и спасувачки екипи се мобилизирани и се упатуваат кон погоденото подрачје, објавија државните медиуми.

Податоците од Кинескиот центар за земјотреси (ЦEНЦ) покажуваат дека по најсилниот земјотрес, во околните области се регистрирани голем број помали земјотреси, со јачина помеѓу 3 и 4 степени.

Пред шеснаесет години, земјотрес со магнитуда од 7,1 степени по Рихтер го погоди Јушу, во соседната покраина Ќингхај, при што загинаа најмалку 2.698 луѓе, а речиси 300 се водат како исчезнати.

Повеќе
Њујорк тајмс: САД и Израел подготвуваат планови за постизборни напади врз Иран
Папата Лав XIV нема потреба од понатамошен третман по операцијата на канцерот на белите дробови
Туркије за три години ќе инвестира 2 милијарди долари во воздухопловната и вселенската индустрија
Иран соопшти дека нападнал четири брода што превезувале нафта во Персискиот Залив
Зеленски сака нови преговори со Русија и САД до почетокот на ноември
Сирија започна безбедносна операција насочена кон терористичка ќелија во околината на Дамаск
Европскиот парламент сака подлабока соработка со Канада
Лана Нусејбех од ОАЕ најавува кандидатура за генерален секретар на ОН
Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
Медиуми: Израелски борбени авиони летале близу до иранската граница за да предизвикаат реакција
Мерц: Влијанието на Русија е најголемата закана за германското општество
Конгресменката Рамирез: Израелскиот геноцид врз Палестинците не е завршен
Трамп: Не, мислам дека не преговараме со Иран, но ќе се случи нешто
Нападот врз нафтено поле во Саудиска Арабија ја зголеми цената на нафтата за 2%
Ердоган и Радев разговараа за регионални и глобални прашања