Денеска жрепка за групите на Светското фудалско првенство во САД, Канада и Мексико
Репрезентациите се поделени во четири шешири. Се очекува присуство на бројни спортски ѕвезди, а најавено е и присуство на претседателот на САД Доналд Трамп
Жрепката за Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи вечерва во 18 часот по средноевропско време во Вашингтон.
Првпат на завршниот турнир, кој ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД, Мексико и Канада, ќе учествуваат 48 репрезентации.
Водител на специјалната програма ќе биде познатата манекенка Хајди Клум, најавени се и Рио Фердинанд, Шeкил О'Нил, Том Брејди и Вејн Грецки, а се очекува и присуството на американскиот претседател Доналд Трамп.
Во првиот шешир ќе се најдат репрезентациите на: Канада, Мексико, САД, Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија.
Во вториот се: Хрватска, Мароко, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Јапонија, Сенегал, Иран, Јужна Кореја, Еквадор, Австрија, Австралија.
Третата квалитативна група ја сочинуваат: Норвешка, Панама, Египет, Алжир, Шкотска, Парагвај, Тунис, Брегот на Слоновата Коска, Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Африка
А во четвртиот шешир се: Јордан, Зеленортската Република, Гана, Курасао, Хаити, Нов Зеланд, репрезентациите од Европски бараж и од Интерконтиненталниот бараж.