САД најавија нови високи царини за Србија и БиХ од 1 август, шефот на УНРВА побара итен прекин на огнот во Газа, додека Нетанјаху изјави дека палестинска држава би била закана за Израел; во борбите во северна Газа убиени се пет израелски војници, а УНЕСКО предлага Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство.
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е вторник, 8 јули
Трамп воведува високи царини за Србија и БиХ од 1 август
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе започне со воведување значително повисоки царини за увоз од неколку земји, вклучувајќи ги Јапонија и Јужна Кореја, но и за помали како Босна и Херцеговина и Србија, почнувајќи од 1 август, означувајќи нова фаза во трговската војна што ја започна во април. Писма со кои се најавуваат повисоки царини досега добиле 14 земји, вклучувајќи помали извозници како Србија, Тајланд и Тунис. Во писмата се наведува дека сите царини наметнати од други земји ќе бидат додадени на веќе постоечката американска царина од 25 проценти.
Шефот на УНРВА: Газа умира, итно прекин на огнот
Генералниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, повторно апелираше за итен прекин на огнот во Појасот Газа, бидејќи дипломатските напори се интензивираат за евентуално ново примирје. Лазарини предупреди дека од почетокот на конфликтот, повеќе од 17.000 деца, 1.500 здравствени работници и 600 Палестинци биле убиени во израелските воени операции додека се обидувале да дојдат до хуманитарна помош. Исто така, изјави дека 320 вработени на УНРВА се убиени, што претставува најлоша загуба на персонал во историјата на агенцијата.
Нетанјаху: Независна палестинска држава би била платформа за уништување на Израел
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека го поддржува мирот со Палестинците, но дека секоја идна независна палестинска држава, според него, претставува закана за безбедноста и платформа за уништување на Израел. „Палестинците би требало да ги имаат сите овластувања да добијат сопствена локална самоуправа, но никакво овластување да му се закануваат на Израел. Тоа значи дека суверената безбедносна контрола секогаш ќе остане во наши раце“, рече Нетанјаху во Вашингтон, објави Ројтерс.
Пет израелски војници убиени, 14 ранети во северна Газа
„Пет војници од баталјонот Неца Јехуда од бригадата Кфир беа убиени во борбите во северна Газа во понеделник вечерта, а 14 други беа ранети, од кои двајца беа сериозно повредени“, се вели во соопштението на армијата. Радиото на израелската армија објави дека инцидентот се случил околу 22 часот по локално време во понеделник, додека пешачка патрола од баталјонот Неца Јехуда минувала низ градот Беит Ханун.
И за крај на денешниот блиц...
УНЕСКО: Охрид да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност. По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион како заштитено наследство на УНЕСКО и се бара исполнување на забелешките на Реактивната мониторигн мисија од минатата година.
Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
