Словенија ја повтори поддршката за македонските евроинтеграции, а Израел е против француското признавање на Палестина.
Словенија со силна поддшка за македонскиот евроинтегративен пат
Словенија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции, порача Уршка Клакочар-Зупанчич претседателката на словенечкото Собрание, по средбата со македонскиот спикер Африм Гаши во Скопје. Таа нагласи дека што побрзо треба да се случи влегувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
Вучиќ по средбата со Макрон: Најтешко беше прашањето за Бих
Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со неговиот француски колега Емануел Макрон во Париз изјави дека најтешката тема за која разговарале е прашањето за Босна и Херцеговина, додавајќи дека тој се залага за „компромис“.
Унгарија нема да поддржи европски санкции против Додик
Унгарија нема да ги поддржи санкциите на Европската Унија против раководството на Република Српска, откри унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по средбата со претседавачот на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ. Сијарто остро ја критикуваше политиката на Брисел кон Западен Балкан, нарекувајќи ја „апсурдна, неодговорна и опасна“.
Трамп ги паузираше новите царини за сите, освен за Кина
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе паузира дел од новите царини на 90 дена и дополнително ќе ги зголеми царините за увоз од Кина на 125 отсто. Новите трговски бариери им нанесоа удар на пазарите, ја зголемија веројатноста за рецесија и доведоа до контрамерки од Кина и од Европската унија.
И за крај на денешниот блиц...
Израел го критикува планот на Франција да ја признае Палестина
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар остро го осуди планот на Франција да ја признае Палестина, тврдејќи дека тоа ќе биде „награда за тероризмот“. Макрон изјави дека Франција планира да ја признае палестинската држава и тоа би можело да се случи во јуни.
Тоа е се за денешните блиц вести, за повеќе посетете нè на macedonian.trtbalkan.com
