Вучиќ побара сите земји од Западен Балкан наеднаш да се зачленат во ЕУ, а Туркије во ОН предупреди за превенцијата од геноцид
Слушате Дневни блиц вести, денес сме среда 10 декември.
Вучиќ: ЕУ во исто време да ги прими сите земји од Западен Балкан
Српскиот претседател Александар Вучиќ побара Европската Унија да направи напори во исто време да ги прифати за рамноправни членки сите земји од групата Западен Балкан, а делумното пристапување би оставило нерешени регионални спорови и би ја поткопало долгорочната стабилност.
ДЗС: Растат трошоците на живот на годишно и цените на мало
Индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година бележи зголемување од 4 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија.
Критики за Хилари Клинтон за негирање на геноцидот во Газа
Водечката светска организација за спречување на геноцид „Лемкин“ посочи дека неодамнешните коментари на поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон за Газа дека младите луѓе се погрешно информирани на социјалните мрежи и дека Израел ја губи ПР битката се „бесрамно негирање на геноцидот“.
Захарова: Изјавата на Зеленски за изборите е врв на цинизам
Изјавата на украинскиот претседател Владимир Зеленски дека Европа и НАТО мора да ја обезбедат безбедноста на Украина за спроведување на изборите е врв на цинизмот, оцени Марија Захарова, портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија бидејќи потврдува дека земјата ја изгубила независноста.
И за крај на денешниот блиц...
Туркије во ОН: Газа е повик за будење за глобална превенција на геноцид
Турскиот советник во ОН, Ѓулсах Џумурџу Кадер, предупреди дека меѓународната заедница е сведок на „сериозни злосторства што може да претставуваат геноцид“, истакнувајќи дека ситуацијата во Појасот Газа треба да послужи како силен потсетник за итната потреба од превенција на геноцид.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
