| Macedonian
Во израелски напад на засолништа загинаа четири палестински деца, а САД прогласи геноцид во Судан
00:00
00:0000:00
Свет
Во израелски напад на засолништа загинаа четири палестински деца, а САД прогласи геноцид во Судан
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда, 8 јануари
9 јануари 2025

Израел ги продолжува немилосрдните напади врз Газа. Во Кан Јунис во напад со дрон врз безбедна зона убиени се четири деца, а ранети се десетина други од кои повеќето малолетни, информираат медицински извори. Во друг израелски напад погодени се раселени семејства во кампот Вијдан. 

САД ги прогласија Силите за брза поддршка на Судан за геноцидни, а нивниот лидер Мохамед Хамдан Дагало го ставија под санкции. Државниот секретар Антони Блинкен ги осуди систематското етничко чистење, масовните силувања и нападите врз бегалците. Во граѓанската војна која трае од 2023 година милиони се раселени, а половина од населението се соочува со глад. Во меѓувреме расте критиката од меѓународните групи кои влечат паралели со геноцидот на Израел во Газа.

Францускиот претседател Емануел Макрон трпи критики откако изјави дека африканските нации се неблагодарни за улогата на француските сили во борбата со бунтовниците во Сахел. Неговите забелешки до француските амбасадори предизвикаа обвинувања за неоколонијализам, додека односите со Западна Африка се влошуваат. Франција ги повлече силите по државните удари во Мали, Буркина Фасо и Нигер. Сенегал и Чад, кои некогаш се сметаа за сојузници на Франција сега бараат повлекување на француските сили. 

Силни шумски пожари ја зафатија Калифорнија принудувајќи илјадници да се евакуираат. Ветровите ги разгореа пламените јазици кои зафатија дел од домовите, а жителите панично се евакуираа во услови на блокирани патни правци. Противпожарните служби ги активираа авионите за гасење, а булдожерите ги расчистуваат напуштените автомобили. 

И за крај на денешниот блиц...

Американските истражни власти открија дека Метју Лајвсбелгер, осомничениот за бомбашкиот новогодишен напад со сајбер камионетот пред хотелот на Трамп во Вегас, го користел Чат ГПТ за собирање информации за експлозиви. Во неговиот телефон е пронајден и манифест кој на шест страни ги опишува неговите политички ставови. Тој се самоуби пред експлозијата да повреди седум луѓе. 

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 13.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот