Путин го пофали планот на Трамп за завршување на војната во Газа, а низ Европа протести по упадот на флотилата на слободата
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан, денес сме петок 3 октомври
Путин: Планот на Трамп за примирје во Газа нуди светлина на крајот од тунелот
Рускиот претседател Владимир Путин изрази оптимизам кон предлогот за прекин на огнот од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, нарекувајќи го „светлина на крајот од тунелот“ кој може да добие поддршка и од Русија.
Мицкоски: Сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн до 2028 година
До 2028 година сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн, истакна македонскиот премиер Христијан Мицкоски на Дигиталниот самит на Западен Балкан. Секој граѓанин ќе има дигитален идентитет и пристап до институциите преку мобилен телефон.
Аеродромот во Минхен повторно работи по прелетите на дронови
Аеродромот во Минхен повторно е отворен откако повеќекратни прелети на дронови ја принудија контролата на воздушниот сообраќај да ги прекине сите летови претходната ноќ, приземјувајќи повеќе од десетина полетувања и пренасочувајќи неколку дојдовни летови.
Во акција на турски МИТ уапсено едно лице осомничено за соработка со Мосад
Турските безбедносни служби во заедничка акција со обвинителството и полицијата приведоа едно лице кое е осомничено за шпионажа и соработка со израелската национална разузнавачка агенција Мосад.
И за крај на денешниот блиц...
Протести низ Европа против израелскиот напад врз флотилата „Сумуд“
Десетици илјади луѓе излегоа на улиците низ Европа за да протестираат против нападот на Израел врз Глобалната флотила „Сумуд“, која пловеше кон Газа со хуманитарна помош кога беше нападната и запленета од израелските сили.
Тоа беше се за денешните блиц вести. Следете ги социјалните мрежи на ТРТ Балкан за повеќе информации.
