| Macedonian
Дневни блиц вести 05.11.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 05.11.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан, денес сме среда 5 ноември
5 ноември 2025

Премиерот Мицкоски во Брисел за блокираната евроинтеграција, а новизбраниот градоначалник Мамдани вети успеси во Њујорк

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан, денес сме среда 5 ноември 

Мицкоски за ЕУ: Ќе продолжиме да ги исполнуваме нашите обврски

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на Самитот за проширување на ЕУ во Брисел посочи дека земјата останува посветена на преземените обврски за европската интеграција, но дека и по 25 години и натаму патот е блокиран поради наметнатите вештачки спорови. 

Коњуфца нов кандидат за премиер на Косово по неуспехот на Курти

Глаук Коњуфца е предложен за мандатар на Косово, откако Албин Курти претседателот на Самоопределување на успеа да состави Влада во предвидениот рок. Во новиот предлог Курти ќе ја врши функцијата министер за надворешни и смета дека мора да се изгласи Буџетот и да се избегнат нови парламентарни избори. 

Прекината истрагата Додик за напад на уставниот поредок на БИХ

Обвинителството на Босна и Херцеговина ја прекина истрагата која се водеше против Милорад Додик поранешниот претседател на ентитетот Република Српска и уште двајца функционери за напад врз уставниот поредок на федерацијата поради како што е наведено недостиг на докази. Додик неодамна беше тргнат од црната листа на САД поради укинувањето на спорните закони кои беа прогласени за неуставни.

Аеродромот во Скопје ќе има најголем раст во зимската сезона 

Аеродоромот во Скопје, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележи најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници во однос на претходната година, што се должи пред се на зголемувањето на директните летови на нискобуџетните авиокомпании. 

И за крај на денешниот блиц...

Мамдани: Њујорк ќе биде модел за победа над Трамп

Зохран Мамдани, новоизбраниот градоначалник на Њујорк вети успеси за градот на повеќе полиња како бесплатен јавен превоз, поголем опфат на социјалните програми, поевтино домување и поголеми даноци за милионерите. Исто така Мамдани посочи дека управувањето на Њујорк ќе биде модел за победа над политиката на Трамп. 

Тоа беше се за денешните Блиц вести. За повеќе информации следете ги каналите на ТРТ Балкан на македонски

Слушни повеќе
Блиц вести 05.12.2025
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?