| Macedonian
Дневни блиц вести 25.04.2025
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 25.04.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска сме петок 25 април
25 април 2025

Напредуваат нуклеарните преговори меѓу САД и Иран, а Украина обвини за напади со балистички ракети од Северна Кореја.

Трамп: Нуклеарните разговори со Иран напредуваат многу добро

Трамп истакна дека преговорите за нуклеарната програма на Иран добро напредуваат. САД и Иран одржаа две рунди разговори со делегации на високо ниво кои се состанаа во Оман и Рим во последните две недели, откако Трамп постави рок од 60 дена за постигнување нов нуклеарен договор.

Вучиќ во Москва и Вашингтон ќе иницира Форум на светски лидери

Српскиот претседател Александар Вучиќ, пред посетата на Москва, изјави дека има идеја да организира голем глобален форум во Белград на кој би се собрале сите светски лидери и дека за тоа ќе побара поддршка од претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин.

Германија: 4.000 евра за семејствата што ќе се вратат во Сирија

Германија им нуди до 4.000 евра по семејство на Сиријците кои доброволно ќе се вратат во својата земја, соопштија германските власти, додавајќи дека над 460 лица веќе ја искористиле оваа можност во последните неколку недели.

Омерагиќ: Канцеларијата на УЕФА во Истанбул е значајна за регионот

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ присуствуваше на свеченото отворање на новата регионална канцеларија на УЕФА во Истанбул. Тој го поздрави овој потег кој ќе го олесни организирањето на врвни турнири.

И за крај на денешниот блиц...

Украина: Употребени ракети од Северна Кореја за нападот врз Киев

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Русија употребила балистичка ракета од севернокорејско производство во ноќниот напад врз Киев, во кој загинаа 12 лица, а 90 беа повредени. Москва и Пјонгјанг не одговорија на обвинувањата за употреба на вакви ракети.

Тоа беше се за денешните блиц вести, за повеќе посетете не на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Блиц вести за 04.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот