| Macedonian
Блиц вести за 05.01.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести за 05.01.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 5 јануари.
5 јануари 2026

Венецуела формираше комисија за ослободување на Мадуро и неговата сопруга, ЕУ и Кина побараа почитување на меѓународното право, Трамп му се закани и на колумбискиот претседател Педро. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 5 јануари.

Венецуела формираше комисија за ослободување на Мадуро и неговата сопруга

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, денес формираше комисија за ослободување на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, кои беа уапсени од американските специјални сили во Каракас и префрлени во Њујорк.

Родригез претходно изјави дека земјата се стреми кон „мир и мирен соживот“, додавајќи дека Венецуела сака односи со САД засновани на почит.

ЕУ без Унгарија побара почитување на меѓународното право по упадот во Каракас

Европската Унија донесе генерален, но не и заеднички став за настаните кои се одвиваа во Венецуела по нападот на американските вооружени сили и грабнувањето на претседателот Николас Мадуро. Единствено Унгарија не го поддржа ставот на ЕУ за почитување на меѓународното право и апелот за смиреност и воздржаност.

Си Џинпинг: Насилното однесување сериозно го поткопува меѓународниот поредок

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ги критикуваше едностраните и насилни акти, повикувајќи ги големите земји да се придржуваат кон меѓународното право.

‘Сите земји треба да ги почитуваат развојните патеки избрани од народите на другите нации и да се придржуваат кон меѓународното право, како и кон целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации, а големите земји треба да ја преземат водечката улога во ова“, рече Си Џинпинг

Реакцијата на кинескиот претедател следеше по рацијата на САД во Каракас и заробувањето на претседателот на Венецуела Мадуро и првата дама на земјата

Трамп му се закани и на колумбискиот претседател Педро

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воена интервенција против колумбиската влада во неделата, велејќи дека идејата „му звучи добро“.

„Колумбија е многу болна, водена од болен човек кој сака да произведува кокаин и да го извезува во САД... Тоа нема да го прави уште долго“, изјави Трамп за новинарите, осврнувајќи се на колумбискиот претседател Густаво Педро.

Фредерик Нилсен: Реториката на САД за потребата од Гренланд е неприфатлива

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денеска рано наутро ја нарече неодамнешната реторика на американскиот претседател Доналд Трамп за потребата од Гренланд „целосно неприфатлива“ и „непочитувачка“.

Изразувајќи дека се дел од НАТО и свесни за својата стратешка локација, тој ја повтори важноста на „почитувачкиот и лојален однос“ со Вашингтон. Тој истакна дека „заканите, притисокот и разговорите за анексија немаат место меѓу пријатели“.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 09.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот