| Macedonian
Дневни блиц вести 03.07.2026
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 03.07.2026
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок 3 јули

Перу прогласи вонредна состојба поради ризик од обилни дождови поврзани со Ел Нињо. Одобрувањето на нови израелски населби на Западниот Брег предизвика реакции кај Палестинците. Франција испраќа илјадници клима уреди во болниците поради нов топлотен бран; дигиталните плаќања бележат значителен раст.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок 3 јули

Перу прогласи вонредна состојба во 22 региони поради претстојните дождови поврзани со Ел Нињо

Перу прогласи 60-дневна вонредна состојба во речиси 800 области во 22 региони и во Уставната покраина Каљао поради непосредниот ризик од интензивни врнежи од дожд поврзани со феноменот Ел Нињо, објави радиодифузерот RPP во четврток. Мерката е воспоставена по декрет потпишан од претседателот во заминување Хозе Марија Балказар и објавен во четврток во службениот весник Ел Перуано. Прогласувањето за вонредна состојба опфаќа 796 области во 22 региони, вклучувајќи ги Лима, Пиура, Ла Либертад и Лорето, како и Уставната покраина Каљао.

Одобрувањето на нови израелски населби во Западниот Брег предизвикаа реакции кај Палестинците

Израелскиот кабинет за безбедност во четврток одобри план за воспоставување 13 нови нелегални населби во централниот окупиран Западен Брег, што ги натера палестинските претставници да предупредат дека овој потег дополнително ќе ја фрагментира територијата и ќе го изолира Источен Ерусалим од неговата палестинска околина. Израелскиот Канал 7 објави дека кабинетот ја одобрил изградбата на новите нелегални населби во регионалната област „Бенјамин“, а спроведувањето на првата фаза се очекува да започне во наредните месеци.

1.000 клима уреди ќе бидат доставени до болниците во регионот на Париз до крајот на неделата

Околу 1.000 клима уреди ќе бидат доставени до болниците низ регионот на Париз до крајот на неделата, додека Франција се подготвува за уште еден топлотен бран, објави радиодифузерот БФМ ТВ (BFM TV) денес. Одлуката дојде откако француската влада објави дека нарачала 30.000 клима уреди за болниците низ целата земја за да им помогне да се справат со идните топлотни бранови. Болниците во областа на Париз веќе почнаа да купуваат дополнителни единици додека чекаат испораки од владата.

Раст на употребата на дигиталните канали за плаќања

Граѓаните сè повеќе ги користат дигиталните канали за плаќање, покажуваат податоците за првиот квартал од 2026 година. Плаќањата со платни налози бележат раст од 10,3 проценти кај бројот на трансакциите и 14,6 проценти кај нивната вредност во споредба со истиот период лани, информираат од Народна банка. Особено е изразен растот на електронските плаќања, кои се зголемени за 21,9 проценти кај трансакциите и за 23 отсто кај вредноста, во споредба со истиот период од 2025 година.

И за крај на денешниот блиц…

Шпанија, Португалија и Швајцарија се пласираа во осминафиналето на Светското првенство

Репрезентациите на Шпанија, Португалија и Швајцарија обезбедија пласман во осминафиналето на Светското првенство откако во натпреварите од вчерашната и денешната програма на Мундијалот славеа против селекциите на Австрија, Хрватска и Алжир. Португалија се радуваше на место во осминафиналето каде ќе игра против соседот Шпанија. Швајцарија го чека следниот противник, а тоа ќе биде подобриот од дуелот меѓу Колумбија и Гана.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 10.09.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите