| Macedonian
Дневни блиц вести 18.08.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 18.08.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 18 август

Претседателите Трамп и Ердоган разговараа телефонски за актуелните прашања, а врз Москва извршен најголем напад со дронови

Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 18 август

Ердоган и Трамп разговараа за билатералните односи, Иран и Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните случувања, соопшти Директоратот за комуникации на Туркије.

Речиси цела држава во зона со висок ризик од пожари

Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја), соопшти Центарот за управување со кризи.

МЗШВ: Обезбедени 500.000 вакцини за сипаници кај овците од Туркије

Од Република Туркије се обезбедени 500.000 дози на вакцина против сипаници кај овците како донација. До Европската комисија е доставено барање за дополнителни количества - МЗШВ. Одгледувачите од Владата побараа итна вакцинација, како и повисоко обесштетување.

Разорувач на американската морнарица останал без струја

УСС Бенфолд, разорувач со наведувачки ракети од класата „Арли Бурк“, минатиот месец четири дена останал без струја во Јужното Кинеско Море по инженерски дефект. Во тек е истрага за причината за инцидентот. 

И за крај на денешниот блиц…

Москва: Најголем напад со дронови во последните 2 години

Уште еден ноќен напад со беспилотни летала врз Москва беше најголемиот во последните две години, при што 620 беспилотни летала се упатија кон главниот град од понеделник вечерта, според градоначалникот Сергеј Собјанин.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 09.10.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите