| Macedonian
Дневни блиц вести 09.03.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 09.03.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 9 март
пред 17 часа

Израел се подготвува за подолга директна војна со Иран, а цените на нафтата растат

Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 9 март

Израел се подготвува за подолга војна со Иран

Израелската армија се подготвува за сценарио во кое војната со Иран и неговите сојузници би можела да трае најмалку еден месец, откриваат армиски извори. Затоа е подигната готовноста во сите армиски гранки за можен продолжен или проширен воен конфликт.

Србија забрани извоз на нафта и горива

Српската влада на вонредна седница донесе одлука за привремена забрана на извозот на нафта и сите нафтени производи со цел стабилизирање на домашниот енергетски пазар. Целта на оваа одлука е да се спречат евентуални недостатоци и нагло зголемување на цените на горивата во Србија

Распоредени турски авиони во Северен Кипар по тензиите на Блискиот Исток

Туркије објави дека шест борбени авиони и системи за воздушна одбрана се распоредени во Турската Република Северен Кипар како дел од напорите за зајакнување на безбедноста на територијата во услови на регионални тензии на Блискиот Исток. Анкара може да преземе и дополнителни чекори во зависност од развојот на ситуацијата.

Трам: Заеднички со Израел ќе се одлучи за војната во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлуката за прекин на војната меѓу САД и Израел врз Иран ќе ја донесе заеднички со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по првичните проценки дека војната ќе трае четири до шест недели. 

И за крај на денешниот блиц…

Цените на нафтата надминаа 100 долари за барел 

Цените на нафтата ја надминаа границата од 100 долари за барел првпат од 2022 година како резултат на растечката загриженост за прекини во глобалното снабдување со енергенти и ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток поради војната со Иран.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 06.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот