| Macedonian
Дневни блиц вести 31.03.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 31.03.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник, 31 март
31 март 2025

Ситуацијата во БиХ се стабилизира по поплавите

По неколкудневните обилни врнежи и поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, ситуацијата постепено се стабилизира, а водостојот на реките се намалува. Надлежните служби продолжуваат со активностите за санирање на последиците од поплавите.

Сијарто бара од Украина да не ги напаѓа руските енергетски капацитети

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто побара од украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко да не ги напаѓа руските енергетски постројки кои водат кон Унгарија.

Црвениот крст го осуди убивањето болничари во Газа од страна на Израел

Меѓународниот комитет на Црвениот крст изрази незадоволство откако осум болничари од палестинската Црвена полумесечина, пет членови од Цивилната одбрана во Газа и еден член на персоналот на ОН беа убиени додека извршуваа итни должности во Рафа, на југот на Газа.

Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека САД ќе се соочат со силна одмазда ако постапат по заканите на претседателот Доналд Трамп дека ќе нареди бомбардирање на Иран доколку земјата не постигне нов нуклеарен договор со Вашингтон.

И за крај на денешниот блиц...

Трамп: Ќе има последици ако Зеленски се повлече од договорот за ретки минерали

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека украинскиот претседател Владимир Зеленски ќе се соочи со сериозни последици ако се обиде да се повлече од договорот за ретки минерали. Договорот се уште не е потпишан.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите