Тројца Палестинци загинаа во израелски напади во Западниот Брег, Зеленски тврди дека Украина е подготвена на прегвоори, но не и на отстапување територија, Трамп смета дека односите меѓу САД и Јапонија ќе бидат посилни од кога било досега. Следите Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 28 октомври.
Тројца Палестинци загинаа во израелски напади во Западен Брег
Тројца Палестинци беа убиени во израелски оган и воздушен напад во губернијата Џенин на северниот окупиран Западен Брег, според локалните медиуми.
Официјалната новинска агенција Вафа, повикувајќи се на локални извори, јави дека израелските сили го нападнале градот Кафр Куд со воено засилување, опколиле област со земјоделско земјиште и отвориле оган врз тројца млади мажи.
Зеленски: Подготвени сме на мировни преговори, но не и на отстапување територија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен за мировни преговори насекаде освен во Русија и Белорусија, доколку тие разговори би можеле да ја завршат војната, но дека украинските сили „нема да се повлечат ниту чекор“ на бојното поле за да отстапат територија.
Трамп: Односите меѓу САД и Јапонија ќе бидат посилни од кога било досега
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на средбата со јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека односите меѓу САД и Јапонија ќе достигнат невидена сила.
Тој во Токио рече дека билатералната трговија достигнала историски нивоа
Такаичи рече дека желбата на Токио е да оствари ново златно доба на јапонско-американскиот сојуз. По Јапонија, Трамп ќе отпатува во Јужна Кореја за самитот на Азиско-пацифичката економска соработка каде што ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Германија ќе потроши стотици милиони евра на ново оружје
Германија планира да купи ново воено оружје во вредност од 377 милијарди евра како дел од напорите на канцеларот Фридрих Мерц да ја изгради „најсилната конвенционална армија во Европа“, објави „Политико“, повикувајќи се на внатрешни владини документи.
Од вкупниот број, договори во вредност од 182 милијарди евра ќе им бидат доделени на германски компании.
Обвинетиот за атентатот врз поранешниот јапонски премиер Абе, призна вина
Тецуја Јамагами обвинет за атентат врз најдолгогодишниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе, се изјасни за виновен на почетокот од неговото судење што започна денеска/
Јамагами користел рачно изработено оружје. Окружниот суд во Нара го закажа изрекувањето на пресудата за јануари 2026 година.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
