| Macedonian
Блиц вести 01.12.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 01.12.2025
Следите Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 1 декември.
1 декември 2025

Камерите на улиците низ Скопје ќе снимаат сообраќајни прекршоци, стартува системот „Безбеден град”. Зеленски на средба со Макрон во Париз, Израел повторно изврши напади во јужниот дел на Газа и покрај прекнот на огнот. Следите Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 1 декември.

Од денеска камерите ќе снимаат сообраќајни прекршоци, стартува системот „Безбеден град”

Камерите поставени низ улиците на Скопје од денеска ќе снимаат сообраќајни прекршоци. Стартува пробниот период на проектот „Безбеден град”. До Нова Година камерите ќе ги регистрираат прекршоците, а на сопствениците на возилата ќе им стигнуваат опомени. Од 1 јануари ќе следуваат казни.

Зеленски во Париз на средба со Макрон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон.

Како што објави француската претседателска администрација, тие ќе разговараат за ситуацијата на фронтот и условите за „праведен и траен мир“, врз основа на преговорите од Женева и американскиот план, како и за тесна координација со европските партнери.

И покрај прекинот на огнот Израел повторно нападна неколку локации во јужниот дел на Газа

Израелската армија денеска според локални очевидци повторно нападна неколку локации во јужниот дел на Појасот Газа што спаѓаат под жолтата зона контролирана од војската.

Жителите изјавија дека израелската артилерија интензивно ги бомбардирала источните делови на Рафа, а столбови чад се издигнувале од погодените области. Тие, исто така, објавија дека израелски хеликоптери спровеле интензивни напади врз источен Кан Јунис.

Нема извештај за жртви.

Tрамп: САД ќе го суспендираат азилот на долго време

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација планира да го суспендира азилот за долго време. Ова следува по пукањето во близина на Белата куќа од страна на авганистански државјанин.

Зборувајќи за временска рамка, тој на пат кон Вашингтон од Флорида додаде: „Имаме доволно проблеми. Не ги сакаме овие луѓе. Нема временско ограничување, но може да биде долго време.

Холандската круна во посета на Суринам по цели пет децении

Холандскиот крал Вилем-Александар и кралицата Максима пристигнаа во јужноамериканската нација Суринам, поранешна холандска колонија, доцна вчера, како дел од првата посета на шеф на држава по 47 години.

Посетата, која се одржува на покана на претседателката на Суринам, Џенифер Гирлингс-Симонс, ќе трае до среда и ќе „ја истакне широката соработка“ меѓу двете земји, се вели во соопштението на холандското кралско семејство.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 15.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите