| Macedonian
Лидерите на САД и Египет побараа „флексибилност“ во преговорите за примирје во Газа, а јужнокорејскиот претседател Јун и се предаде на полицијата
00:00
00:0000:00
Свет
Лидерите на САД и Египет побараа „флексибилност“ во преговорите за примирје во Газа, а јужнокорејскиот претседател Јун и се предаде на полицијата
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда, 15 јануари
15 јануари 2025

Израел и Хамас се блиску до договор за примирје во Газа, а претседателите на САД и Египет побараа поголема флексибилност од лидерите. Од кабинетот на претседателот Сиси ја истакнаа важноста на посветеноста на засегнатите страни за надминување на пречките.

Израел наводно се подготвува за повлекување на армијата од коридорот Филаделфи на границата меѓу Палестина и Египет во Газа. Наводно Јужната команда на армијата одржува интензивни состаноци за постигнување на договор за примирје во Газа и постепено повлекување по ослободување на заложниците и размена на затвореници. 

Куба повеќе не е на листата на држави кои спонзорираат тероризам на САД откако се согласија да ослобат над петстотини затвореници, од кои повеќето има сомнежи дека се политички неистомисленици. Карипската држава е под децениски американски санкции и е во тешка економска состојба. 

Отповиканиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол е приведен синоќа од полицијата во втор обид и е на сослушување, што претставува прво приведување во историјата на актуелен лидер на земјата. Тој се предаде на органите на прогонот за како што наведе „да спречи крвопролевање“.

И за крај на денешниот блиц...

САД воведе забрана за производство на паметни возила кои располагаат со кинеска и руска технологија. Правилата ќе важат за сите вакви возила, без оглед каде се произведени, дури и на американските брендови. Конкретно забраната за софтверските компоненти почнува од 2027 година, додека за физичките делови од 2030 година. Кина ги осуди овие мерки како кршење на меѓународните трговски правила и најави возвратни мерки. 

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот