| Macedonian
Дневни блиц вести 19.02.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 19.02.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме четврток 19 февруари
19 февруари 2026

Израел се подготвува за можна војна со Иран, а преговорите за војната во Украина без напредок во Женева

Слушате Дневни блиц вести, денес сме четврток 19 февруари 

Израел прогласи максимална готовност за можна војна со Иран

Израел се подготвува за можноста да добие „зелено светло“ од САД за напад врз иранскиот балистички ракетен систем, и затоа прогласи максимална подготвеност на воените и цивилните капацитети под претпоставка дека Трамп наскоро ќе нареди воен напад врз Иран. 

Вучиќ: Прифатило е Србија да стане ЕУ членка без право на вето

Српскиот претседател Александар Вучиќ би се согласил со членство на Србија во Европската Унија (ЕУ) без право на вето, наведувајќи дека поважни му се пристапот до пазарот и протокот на луѓе. Истиот став го дели и албанскиот премиер Еди Рама како метод за конечно проширување на ЕУ со земјите од регионот.

Јотова ги закажа априлските вонредни избори во Бугарија 

Бугарија ќе одржи уште едни предвремени парламентарни избори на 19 април, потврди претседателката на државата Илијана Јотова по средбата со техничкиот премиер Андреј Ѓуров. Ова ќе бидат осми избори по ред од 2021 година поради политичката нестабилност. 

Ердоган: Безбедносната архитектура на Европа не е целосна без Туркије

Европа не може да изгради веродостојна безбедносна рамка без Туркије, предупреди претседателот Реџеп Таип Ердоган, тврдејќи дека е време Анкара да биде вклучена поблиску во европските одбранбени и безбедносни структури.

И за крај на денешниот блиц…

Нема напредок во новата рунда преговори за мир во Украина

Разговорите меѓу Русија, Украина и САД за прекин на војната завршија без значителен напредок, а последниот состанок траеше само два часа по што руската и украинската делегација се повлекоа наведувајќи дека можно е повторно да се сретнат, но условите се многу тешки и сложени.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 13.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот