| Macedonian
Новото сириско раководство на разговори со ОН, а во Газа еден од најсмртоносните денови
00:00
00:0000:00
Свет
Новото сириско раководство на разговори со ОН, а во Газа еден од најсмртоносните денови
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес сме понеделник, 16 декември

Израелската армија продолжува со бруталните напади врз раселените и цивилите и во еден ден загинаа над 110 Палестинци. Во еден од најсмртоносните напади врз училиште кое се користело како засолниште загинаа 43 луѓе. Над 200 засолништа се нападнати од почетокот на геноцидната војна во која загинаа 94 припадници на цивилната одбрана. Во последните денови се извршени неколку масакри врз медицински работници. 

Геир Педерсен специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија разговараше со Ахмад ал Шара водачот на Хајат Тахрир ал Шам (ХТС), за неодамнешните случувања во Сирија. Шара ја истакнал потребата на привремената сириска влада за промена на статусот на Сирија со моменталната состојба и брза и ефикасна соработка за решавање на проблемите со кои се соочува населението.

Сменетиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јол треба да биде сослушан од истражните органи за неговата одлука да воведе воена состојба. По постапката за импичмент Уставниот суд утврдува дали Јун може да се врати на функцијата или целосно ќе биде сменет. Специјалниот тим составен од повеќе институции бара негово приведување со сомнежи дека Јун сакал насилно да ја презеде власта. 

Во сирискиот главен град Дамаск е откриена масовна гробница блузу аеродромот. Истрагата на привремената власт е насочена кон откривање на злоделата на режимот на соборениот Башар ал Асад. Исто така истрагата откри лабораторија за производство на наркотици која ја водел Махер ал Асад, брат на соборениот диктатор. По падот на Баат режимот постојано се откриваат нови лаборатории. 

И за крај на денешниот блиц...

Стотина луѓе се претпоставува дека загинале како последици на рзорниот циклон Чидо во архипелагот Мајоте во Индискиот Океан колонизиран од Франција. Според француското МВР засега е тешко да се утврди точната бројка на жртви. Циклонот Чидо кој го зафати архипелагот во текот на ноќта имаше ветришта со брзина од над 200 километри на час, а притоа нанесе и огромна материјална штета.  

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц за 08.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите