| Macedonian
Блиц вести за 13.11.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести за 13.11.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 13 ноември.
13 ноември 2025

Пронајдени телата на 19 војници кои загинаа при падот на турски товарен воен авион, заврши најдолгото затворање на владата на САД во историјата, Русија се уште останува отворена за руско – американски самит во Будимпешта. Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 13 ноември.

Ердоган: Пронајдени 19 тела на местото на падот на турскиот воен авион

Телата на 19 лица се извлечени од местото на падот на турскиот воен товарен авион по должината на границата меѓу Грузија и Азербејџан, а потрагата по последната жртва е во тек, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Зборувајќи на состанокот на покраинските раководители на Партијата за правда и развој (АК) во Анкара, Ердоган рече дека црната кутија на авионот е извлечена и дека започнале истрагите.

Трамп го потпиша договорот за прекин на најдолгото затворање на владата на САД во историјата

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша закон за финансирање на владата до крајот на јануари, со што се прекинува најдолгото затворање на владата во историјата на САД.

Предлог-законот, исто така, вклучува тригодишен пакет за апропријации што ги опфаќа клучните агенции и програми, а воедно ги враќа на работа федералните службеници отпуштени од Трамп за време на затворањето.

Лавров: Русија е сè уште подготвена за самитот во Будимпешта

Русија останува отворена за одржување руско-американски самит во Будимпешта и дијалогот меѓу двете страни е во тек, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Лавров рече дека „Фајненшл тајмс“ објавил лажна верзија на настаните откако го поврза откажувањето на самитот во Будимпешта со меморандумот за Украина, на кој наводно се повика Русија.

Зеленски во разговор со американските сенатори побара посилен притисок врз Русија

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на онлајн средба со група американски сенатори изјави дека Киев „не гледа дека Русија сака да запре“, повикувајќи на засилен притисок врз Москва, построги санкции и дополнителни системи за воздушна одбрана/

Украинскиот лидер ги повика американските законодавци да ја поддржат иницијативата за користење на замрзнатите руски средства и инсистираше на „секундарни санкции“, особено насочени кон енергетскиот сектор.

Ирачкиот премиер прогласи победа на парламентарните избори

Ирачкиот премиер Мохамед Шиа ал-Судани изјави дека неговата коалиција ги добила општите избори во земјата.

Претходно изборната комисија на земјата соопшти дека Коалицијата за обнова и развој, предводена од Мохамед Шиа ал-Судани, презела силно водство на парламентарните избори во Ирак.

Прелиминарните резултати објавени од комисијата покажаа дека коалицијата на ал-Судани добила 411.026 гласови, од повеќе од 4 милиони гласачи.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

 

 

 

 

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 09.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите