Опозициската ЦДУ победи на изборите во Германија и според првичните резултати има освоено околу 30 отсто од гласовите, додека екстремната десница АФД е втора со 20 отсто гласови. Фридрих Мерц кој се очекува да биде нов германски канцелар најави брзо формирање владина коалиција.
Според САД има голема шанса за постигнување мировен договор меѓу Украина и Русија базиран на протоколот од Истанбул, откри Стив Виткоф специјалниот пратеник на претседателот Трамп. Тој оцени дека војната мора да заврши и се врши поголем притисок врз Киев.
Хамас ги прекинува преговорите со Израел се додека не бидат ослободени преостанатите заробеници. Во меѓувреме Израел ја подигна борбената готовност во Газа и доби поддршка од САД.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека неговата земја нема да го поддржи планот на ЕУ да одвои милијарди евра за испорака на оружје за Украина. Земјите од ЕУ планираат пакет воена помош од најмалку 6 милијарди евра за Украина за зајакнување на стратешката позиција на Киев пред преговорите со Русија предводени од САД.
И за крај на денешниот блиц...
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, смета дека нема нова политика за членство на Украина во НАТО по искажаниот став на САД и претседателот Трамп. Тој сепак, нагласи дека целта на Украина е да се зачлени во НАТО, но и да ја осигура својата безбедност.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
