| Macedonian
Дневни блиц вести 21.03.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 21.03.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок, 21 март
21 март 2025

Одобрен 30 дневен притвор за 13 осомничени за пожарот во Кочани, а Израел за првпат го разреши директорот на Шин Бет

30 дневен притвор за 13 осомничени за катастрофалниот пожар во Кочани

Кривичниот суд, по предлог на Јавното обвнителство, одреди 30 дневен притвор за 13 осомничени од досегашната постапка за утврдување одговорност за катастрофалниот пожар во импровизирана дискотека во Кочани. 13 осомничени ќе бидат опфатени од истрагата која се води според два члена од Кривичниот закон кои се однесуваат на предизвикување тешки дела за општата сигурност и за кои се предвидени максимални затворски казни од 20 години.

Волонтери креираа платформа за директни донации на погодените 

Група на волонтери ја креираа централизираната дигитална платформа supportkocani.com на која се поставени податоците за донирање средства директно до сите погодени од пожарот во импровизираната дискотека во Кочани. За донаторите од странство се уште нема опција за донирање, но на тоа се работи во моментов.

МДТ: Недопустливи се заканите упатени кон новинари

Министерството за дигитална трансформација упати апел да престанат заканите до новинарите и медиумските работници по вчерашното известување од погребот на 59-те жртви од трагичниот пожар во импровизираната дискотека во Кочани. „Недопустливи се заканите упатени кон новинари, уредници и медиуми, кои имаат за цел да спречат непристрасно, отворено и квалитетно медиумско известување“, соопшти МДТ.

Пожарникарите ангажирани во Кочани ќе добијат психолошка поддршка

Пожарникарите кои беа ангажирани за гасење на пожарот во Кочани и учествуваа во првичните акции за спасување ќе добијат соодветна психолошка поддршка од Комората на психолози. Досега, како што информираат од комората, ангажирани се 32 психолози за активности поврзани со последиците од пожарот во дискотеката.

И за крај на денешниот блиц...

Израел го смени шефот на Шин Бет за првпат во историјата

Израелската влада го разреши Ронен Бар шефот на „Шин Бет“. За првпат во историјата на земјата шефот на агенцијата за внатрешна безбедност е сменет од функцијата. Кабинетот едногласно го одобри предлогот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за прекин на мандатот на директорот Бар.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 12.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот