Израелската војска нареди евакуација на палестинците од Северна Газа
Израелската војска им нареди на Палестинците што живеат во делови на Северна Газа да се евакуираат кон запад, проширувајќи на офанзивата кон трајна окупација на енклавата.
Портпаролот на израелската војска, Авичај Адраи, објави мапа на платформата X со зони за евакуација во областите Ал-Ататра, Џабалија, Шуџаја, Дараџ и Зејтун.
Турскиот министер за надворешни работи разговараше со катарскиот премиер и членовите на Хамас
Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, имаше одделни телефонски разговори со катарскиот премиер и членовите на политичкото биро на палестинската група Хамас, објавија турски дипломатски извори.
Хакан Фидан разговараше со шеик Мухамад бин Абдулрахман ал-Тани за Газа и Сирија, велат изворите.
Фидан во другиот телефонски разговор со Хамас се фокусираше на тековните напори за обезбедување прекин на огнот во Газа.
Орбан: Приклучувањето на Украина кон ЕУ ќе значи економско самоубиство
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека приклучувањето на Украина кон Европската Унија би претставувало „финансиска катастрофа и економско самоубиство“.
„Иако тоа може да донесе краткорочни договори за некои европски компании, генерално би ја уништило економијата на ЕУ, особено во соседните земји како Унгарија, Полска и Романија“, рече Орбан.
Тој, исто така, рече дека членството во ЕУ би довело до неконтролирана миграција од Украина
Макрон: Признавањето на Палестина не е само морална должност туку и политичко прашање
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека европските земји треба да „го заострат својот колективен став“ кон Израел, доколку таа земја не одговори соодветно на хуманитарната ситуација во Газа.
Францускиот претседател кој е во посета на Азија, на прес – конференција во Сингапур рече дека признавањето на палестинската држава „не е само морална должност, туку и политичко барање
Трамп го пофали Маск: Илон е одличен, тој секогаш ќе биде со нас
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го пофали милијардерот Илон Маск, чиј мандат во неговата администрација завршува во 13:30 часот по локално време, и најави дека ќе одржи заедничка прес-конференција со него.
„Ова ќе биде неговиот последен ден, но не навистина, бидејќи тој секогаш ќе биде со нас, помагајќи ни на секој начин. Илон е одличен“, објави Трамп на социјалната мрежа TruthSocial.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
