| Macedonian
Дневни блиц вести 18.06.2025
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 18.06.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда, 18 јуни

Размената на напади помеѓу Израел и Иран продолжува, евакуирана првата група македонски граѓани од Израел, Иран не сака преговори со Израел, израелските напади убиле 585 лица во Иран, а во Сан Диего издадени се наредби за евакуација поради ширењето на шумски пожар.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда, 18 јуни

Ракетните напади меѓу Израел и Иран продолжија и во текот на ноќта

Размената на ракетни и воздушни напади меѓу Иран и Израел продолжи интензивно во текот на ноќта, со нови ескалации на насилството што ги потресуваат двата главни града – Техеран и Тел Авив. Израелските воздухопловни сили извршија воздушни напади врз рафинериите за нафта во главниот град на Иран, Техеран, објавија израелските медиуми. Нападите следуваа по издаденото предупредување за евакуација од страна на израелската војска, која предупреди на претстоен силен воздушен удар во пошироката област на престолнината.

Евакуирана првата група македонски граѓани од Израел

Северна Македонија ја евакуираше првата група од осум свои граѓани од територијата на Израел, кои пристигнаа со авион во Скопјe во вторник вечерта. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија во соопштение потврди дека првата група граѓани на кои побараа евакуација од територијата на Израел безбедно пристигнала на аеродромот во Скопјe.

Врховниот лидер на Иран порача дека земјата никогаш нема да преговара со Израел

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денес изјави дека земјата ќе продолжи да одговара на израелските напади и никогаш нема да преговара со Израел. „Мораме да дадеме силен одговор на терористичкиот ционистички режим. Нема да покажеме милост кон ционистите“, рече Хамнеи во објава на платформата X. Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон знае „точно“ каде се наоѓа Хамнеи, велејќи дека „засега“ е безбеден, додавајќи: „Нашето трпение се исцрпува“.

Израелските напади во Иран од петокот убија 585 лица

Иранските медиуми во среда објавија дека во израелските воздушни напади врз Техеран и други населени области од петокот загинале 585 лица, а повредени се најмалку 1.326 лица. Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел започна воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, вклучувајќи воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.

И за крај на денешниот блиц...

Издадени наредби за евакуација поради ширењето на шумскиот пожар во Сан Диего

Властите издадоа наредби за евакуација и предупредувања во делови од округот Сан Диего во Јужна Калифорнија во САД, бидејќи пожарот Монте продолжува да се шири, изгорувајќи 340 хектари земја, според службениците за противпожарна заштита. Шерифскиот оддел на округот Сан Диего соопшти дека наредбите за евакуација остануваат на сила за областите означени со црвена боја, повикувајќи ги жителите веднаш да ја напуштат областа.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com



Слушни повеќе
Дневен блиц за 26.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите