Регионот го зафатија поплави, а во делови од сириски Алепо е објавен прекин на огнот
Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 9 јануари
Поплави во регионот по обилните врнежи
Едно лице загина во поплавите во Албанија по обилните врнежи на дожд проследени со невреме. Најпогодени се областите во Драч, Лежа, Ѓирокастро, Валона и Скадар. Во Кичево беа евакуирани стотина граѓани откако се излеа реката во градот. На Косово падна и снег по невремето со обилни дождови.
Мицкоски: Изборите нѐ ни се приоритет туку реформите и проектите
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски побара лидерска средба со лидерите на парламентарните партии на 14 јануари, на која ќе се бара консензус за политички реформи меѓу другото за укинување на техничката влада, избор на државен правобранител и законите за ЕУ.
Кина врши ревизија на преземањето на Манус од страна на Мета
Кинеските државни органи вршат ревизија на преземањето на стартапот за вештачка интелигенција Манус од страна на Мета која ја поседува милијардерот Марк Цукерберг. Манус е формиран во Кина, но операциите ги пресели во Сингапур пред преземањето.
Горат владини згради во Иран по протестите и судирот со полицијата
Во текот на вчерашните протести низ десетици градови во Иран подметнат е пожар на неколку владини згради, а во судирите меѓу демонстрантите и припадниците на безбедносните сили се проценува дека има десетици загинати, а стотици се ранети.
И за крај на денешниот блиц…
МО на Сирија: Објавивме прекин на огнот во делови од Алепо
Министерството за одбрана на Сирија објави прекин на огнот во неколку населби во Алепо, велејќи дека овој потег има за цел да се стави крај на воената состојба во областа. На вооружените групи на СДФ, составена претежно од од терористичката група ЈПГ, сирискиот огранок на ПКК, им е даден рок од неколку часа да се повлечат.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

