| Macedonian
Дневен блиц за 22.04.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц за 22.04.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 22 Април.

Американските медиуми објавуваат дека САД можат да останат без ракети во случај на упте една војна, прекинати американските испораки во долари за Ирак, најмалку двајца загинати во автобуска несреќа во Бугарија. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 22 Април.

САД може да останат без ракети ако избувне уште една војна

Американската војска „значително ги исцрпи“ своите залихи од клучни ракети за време на војната во Иран и може да се соочи со недостиг во иден конфликт, објави вчера Си-Ен-Ен.

Овие бројки се блиску до класифицираните проценки на Пентагон, се вели во извештајот.

Прекинати американските испораки во долари за Ирак

Вашингтон ги запре пратките американски долари во Ирак и ги паузираше програмите за безбедносна соработка со својата војска во обид да ги расформира „милициите поддржани од Иран“, објави Волстрит журнал вчера, повикувајќи се на официјални лица.

Службеници на Министерството за финансии неодамна запреа товарен авион со близу 500 милиони долари во готово поради загриженост за овие милиции, се вели во извештајот.

Најмалку двајца загинати во автобуска несреќа во Бугарија

Најмалку две лица загинаа, а повеќе се повредени кога рано утрово се преврте автобус на пат кон граничниот премин Мало Трново во југоисточна Бугарија, соопштија локалните власти.

Според градоначалникот на Малo Трново, возилото застанало на патот поради недостаток на гориво, по што се вратило наназад и се превртело, пренесува БТА.

Охрид на мапата на Европските културни рути на Советот на Европа

Охрид официјално стана дел од Европските културни рути на Советот на Европа, со што уште еднаш го потврди свпето место на европската културна и духовна мапа.

На Генералното собрание одржано во Аквилеа, Италија, Охрид е вклучен во мрежата градови и локалитети што ги поврзуваат заедничките европски вредности, културното наследство и историското паметење.

ФИБА го вклучува Хидајет Туркоглу во Куќата на славните

Поранешниот НБА играч и претседател на Турската кошаркарска федерација, Хидајет Туркоглу, е избран за прием во Куќата на славните на ФИБА како дел од класата 2026.

Зборувајќи на церемонијата во Крафтверк Берлин во Германија, Туркоглу рече дека е привилегија да биде примен покрај извонредни играчи.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 29.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите