САД и Израел нападнаа ирански бродови
Американски и израелски авиони нападнаа ирански бродови јужно од иранскиот остров Ларак во Ормутскиот Теснец, при што има и загинати. Засега, според неофицијалните информации има најмалку четири жртви иако во тек се мировни преговори меѓу Техеран и Вашингтон.
Русија ги информираше САД за систематските напади врз Киев
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги информирал американските партнери за систематските напади врз воени и командни цели во Киев со цел навреме да се повлече дипломатскиот персонал. Москва тврди дека нападите се одговор на украинските таргетирања на руски цивилни цели.
Нов случај на хантавирус кај шпански патник на крузерот со епидемија
Шпанија потврди нов случај на хантавирус кај лице под превентивен карантин на инфективна болница во Мадрид. Патникот бил дел од крузерот Хондиус на кој изби пандемија со хантавирус, и тоа со сојот кој се пренесува од човек на човек. Ова е втор случај на хантавирус кај шпански државјанин меѓу 14-те патници.
Протести во Австралија против третманот на Израел врз флотилата Сумуд
Активисти организираа протест пред зградата на австралискиот парламент против начинот на кој Израел ги третираше членовите на Глобалната хуманитарна флотила Сумуд, кои се обидоа да достават помош во Газа и да ја пробијат поморската блокада. На протестот беа упатени повици до австралиските власти да воведат санкции против Израел.
И за крај на денешниот блиц…
Рубио: Потребни ни се уште неколку денови за финален договор
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека ќе бидат потребни уште неколку дена за да се финализира договорот за прекин на војната меѓу Иран и САД со поддршка на Израел, а страните се блиску до согласност за клучните елементи на договорот.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
