Либан го поздрави продолжението на прекинот на огнот со Израел, Макрон тврди дека Европа останува цврста во поддршката за Украина, Србија започнува воена регрутација од Септември. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 24 Април.
Амбасадорката на Либан во САД го поздрави продолжувањето на прекинот на огнот со Израел
Амбасадорката на Либан во Соединетите Американски Држави, Нада Хамадех Муавад, денеска го поздрави продолжувањето на прекинот на огнот меѓу Либан и Израел, посредуван од САД, нарекувајќи го чекор кон деескалација и стабилност.
Инаку Трамп вчера го објави продолжувањето на прекинот на огнот меѓу Израел и Либан за три недели, по директните разговори на ниво на амбасадори во Белата куќа.
Макрон: Европа ќе остане врста во поддршката за Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека се сретнал со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на неформалниот состанок на Европскиот совет во администрацијата на кипарските Грци, потврдувајќи ја континуираната поддршка на Европа за Украина.
ЕУ се согласи на пакет заем од 90 милијарди евра за Украина и ја усвои својата 20-та рунда санкции против Русија
Србија подготвена за воена служба, регрутација од септември
Министерот за одбрана на Србија Братислав Гашиќ денеска изјави дека српската армија е подготвена за воведување на задолжителна воена служба и изрази очекување дека регрутацијата ќе започне во септември, а првите регрути ќе бидат примени во март следната година.
Тој истакна дека безбедносната состојба во светот е многу комплицирана и дека српската армија следи што се случува.
Македонските граѓани лани потрошиле 427,8 милиони евра преку онлајн-трансакции
Македонските граѓани со своите платежни картички во странство потрошиле 427,8 милиони евра на онлајн-трансакции и направиле 12,4 милиони трансакции купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со патувања (авиобилети и резервации на хотели) - соопшти Асоцијацијата за е-трговија.
Во однос на 2024 година, македонските граѓани потрошиле 50 % повеќе
Турскиот „Пијаџо“ ја обезбеди првата нарачка за нов авион
Италијанскиот производител на авиони „Пијаџо Аероспејс“, чија матична компанија е турскиот „Бајкар“, ја обезбеди својата прва нарачка за својот авион од следната генерација P.180 Аванти НХ.
Неименуван европски оператор потпиша договор за купување на две единици од новонадградениот авион, кој беше лансиран на настанот „Аеро Фридрихсхафен 2026“ во Германија.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации следете не на macedonian.trtbalkan.com.
