| Macedonian
Дневни блиц вести 11.03.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 11.03.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме среда 11 март
11 март 2026

Премиерот Мицкоски уверува дека има доволно нафта, а Унгарија ќе стави вето на членството на Украина во ЕУ

Слушате Дневни блиц вести, денес сме среда 11 март

Мицкоски: Нема недостиг, имаме убедливо најефтино гориво

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски смета дека државата има доволно резерви на нафта за непредвидени ситуации и засега нема причина за интервенција на пазарот. Исто така и со корекцијата на цените во Македонија се точи најевтино гориво во земјите од регионот, а Државниот пазарен инспекторат е постојано на терен.

Војната на Блискиот Исток нема да го попречи преземањето на НИС

Левенте Маѓар, заменик-министер за надворешни работи и трговија на Унгарија, смета дека финализирањето на договорот меѓу МОЛ и Гаспромнефт за преземање на рускиот удел во Нафтена индустрија на Србија нема да го забави или одложи ситуацијата на Блискиот Исток и одговори дека е оптимист.

Османи: Косово доби најголема поддршка во мандат на Трамп

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најмногу го поддржува Косово уште од администрацијата на Џорџ В. Буш, кога Косово прогласи независност. Трамп го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово и членството во НАТО без условувања.

Ердоган: Конфликтот во Иран да не ги попречи мировните преговори за Украина

Турскиот претседател Ердоган разговараше со украинскиот колега Зеленски дека конфликтот во Иран не треба да ги попречува преговорите за завршување на војната во Украина, и тие треба да продолжат до конечен договор за мир.

И за крај на денешниот блиц…

Унгарија: Вето на ЕУ членството на Украина додека трае војната

Унгарија ќе стави вето на одлуката за членство на Украина во Европската Унија се додека трае војната сметајќи дека на тој начин во воениот конфликт ќе биде вовлечен целиот блок. Ставот е усогласен со големо мнозинство кое ја изгласа резолуцијата во Собранието на Унгарија. 

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 12.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот