| Macedonian
Дневни блиц вести 16.07.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 16.07.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме четврток 16 јули

Ердоган вети дека продолжува борбата со ФЕТО, а Трамп не ги прекинува нападите врз Иран со конечен договор 

Слушате Дневни блиц вести, денес сме четврток 16 јули

Ердоган: Туркије ќе продолжи со борбата против терористичката ФЕТО

Туркије ќе продолжи со борбата против терористичката организација ФЕТО според владеењето на правото сè додека заканата не биде целосно елиминирана, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, по повод 10-годишнината од неуспешниот обид за државен удар на 15 јули.

Иран: Нападнати американски воени средства во Бахреин и Кувајт

Иранската војска денес соопшти дека започнала напади врз американските радарски и воздушни одбранбени средства во Кувајт и Бахреин, како дел од 10-тата фаза од нивната одмаздничка кампања позната како Операција „Молња“. Изјавата доаѓа во време на ескалација на тензиите меѓу САД и Иран околу Ормутскиот теснец, при што двете страни разменија напади и покрај меморандумот за разбирање.

Аргентина со пресврт до победа против Англија и финале на Мундијалот

Светскиот шампион Аргентина ја победи Англија во полуфиналето на Светското првенство по пресврт со резултат од 2:1 и се пласираше во финалето на Мундијалот вторпат по ред. Англија останува со едно финале на Светското првенство во 1966 година, кога прв и последен пат го освои пехарот, и потоа не успеа да дојде до мечот за светската круна.

САД одобри оружје за Саудиска Арабија и Кувајт вредно речиси 2,5 милијарди долари

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на оружје на Саудиска Арабија во вредност од 1,96 милијарди долари и посебен пакет за поддршка од 484 милиони долари за Кувајт. Овие пакети ќе вклучат напредни системи за одбрана од проектили земја-воздух и офанзивни системи за напад воздух-воздух.

И за крај на денешниот блиц…

Трамп: Нападите врз Иран ќе продолжат сè додека склучат договор

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека американските воздушни напади врз Иран ќе продолжат во наредните денови, со предупредување дека ќе бидат поинтензивни ако Техеран не се согласи на договор, додавајќи дека повеќе не сака да преговара со иранските власти.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 21.09.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите