| Macedonian
Дневен блиц вести за 2 април
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц вести за 2 април
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски
2 април 2025

Поплави во Батинци: Се излеа Маркова Река

Поради обилните врнежи од дожд, Маркова Река вчеравечер се излеа во село Батинци, предизвикувајќи поплави на улиците и дел од домовите. Надлежните служби од синоќа се на терен и работат на враќање на реката во нејзиното корито, додека локалните власти уверуваат дека нема опасност за населението.

Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, вели дека состојбата се санира, нема потреба од евакуација, но има материјални штети.

Заменик директорот на Дирекција за заштита и спасување, Кашмир Салиу, додаде дека нема опасност од поплави, и се во постојана координација со градоначалникот на Кисела Вода и Студеничани.

Се уште е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат с. Горно Лисиче – с. Долно Лисиче, како и влезот за с. Батинци во двете насоки.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот.

Убиен полицаец на југоистокот на Косово

Припадник на косовската полиција загинал како последица на повредите во престрелката што се случила во вторникот околу 23 часот во Качаник, на југоистокот од земјата, потврди полицијата.

Канун Весељи, портпаролот на полицијата за Урошевац, за локалните медиуми изјави дека полицијата добила информација за повредено лице кое било пронајдено во тешка состојба на влезот во неговата зграда на улицата Идриз Сефери.

Околностите за пукањето се уште не се познати, а истрагата е во тек.

Најмалку 20 убиени Палестинци утрово во Газа

Најмалку 21 лице загина во израелските напади низ Газа од утринава, а истовремено израелскиот министер за одбрана Израел Кац најави значително проширување на воената операција и рече дека големи области од енклавата ќе бидат окупирани и додадени во безбедносните зони на Израел.

Според медицински извори, најмалку 21 лице загина во израелските напади низ Газа од утринава.

Еден од најсериозните напади се случил во Кан Јунис, на југот на Газа, каде во напад врз куќа загинале најмалку 12 Палестинци

Во очекување на новите царини на Трамп

Европските берзански индекси денеска се во пад, како и цените на нафтата, златото и пченицата, додека пазарите чекаат нова рунда царини на Трамп, вклучително и царина од 25 отсто за сите автомобили произведени надвор од САД, кои најверојатно ќе бидат објавени попладне по затворањето на европските пазари.

Администрацијата на Трамп го прогласи 2 април за „Ден на ослободувањето“, а се очекува американскиот претседател да ја искористи оваа можност да го објави својот план за реципрочни царини.

Белата куќа, наводно, размислува за универзални тарифи од 20 отсто за повеќето увозни производи, но други опции како што се реципрочни тарифи од земја до земја сè уште се на маса, објави Вашингтон пост, цитирајќи три анонимни извори запознаени со ова прашање.

Зеленски објави колку заработил во 2024

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја објави својата заработка за минатата година. Според украинските медиуми системот за електронски изјави за имотната состојба на функционерите функционира од 2014 година.

Како што пишува Киев Индипендент семејството Зеленски во 2024 година заработило 368.556 долари од кои 207.000 долари се од продажба на државни обврзници.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 09.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите