| Macedonian
Премиерот Нетанјаху потврди дека има договор за примирје во Газа, а Украина и Велика Британија потпишаа стогодишно партнерство
00:00
00:0000:00
Свет
Премиерот Нетанјаху потврди дека има договор за примирје во Газа, а Украина и Велика Британија потпишаа стогодишно партнерство
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок, 17 јануари

Израелскиот премиер Нетанјаху потврди дека има договор за примирје во Газа и ослободување на заложниците. Претходно неговиот безбедносен кабинет тврдеше дека Хамас отстапил од дел од договореното, во однос на ослободување и размена на заробениците. Нетанјаху рече дека ќе го свика кабинетот, а потоа и владата за да го одобри договорот. 

Израелската екстремна десница предводена од министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир сака да го блокира договорот за примирје во Газа под закана дека ќе ја напушти владата. Бен-Гвир тврди дека договорот е непромислен и ги поткопува воените достигнувања на Израел со ослободување на палестински борци и стратешки отстапки од терен. 

Светската здравствена организација проценува дека за обнова на здравствениот систем на Газа ќе бидат потребни околу 10 милијарди долари во следните пет години. Речиси сите болници беа погодени од војната и затоа неопходна е постојана хуманитарна помош. Гебрејесус го поздрави договорот за примирје во Газа кој мора да се спроведе. 

За време на ненадејната посета на Киев, британскиот премиер Стармер и украинскиот претседател Зеленски потпишаа „100-годишно партнерство“. Целта на договорот е да ја продлабочи одбранбената соработка, да одговори на предизвиците по поморската безбедност и да ги зајакне врските во областите како што се трговијата, енергијата и климатските промени. 

И за крај на денешниот блиц...

Новиот пробен лет на вселенското летало на Спејс Екс заврши неуспешно откако експлодираше во воздух неколку минути по полетувањето. Ракетата имаше силно лансирање, но потоа излезе од контрола поради протекување на кислород. Со Старшип треба да бидат лансирани главните мисии на компанијата за освојување на Марс, и Месечината како попатна станица. 

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц за 28.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите