Американските бродови ќе ги придружуваат неутралните бродови надвор од Ормускиот теснец, Иран го анализира одоворот на САД за мировниот план, кубанскиот претседател смета дека САД бараат причина за воена интервенција. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 4 Мај.
САД го почнуваат Проектот Слобода за придружба на неутрални бродови од Ормускиот теснец
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека американските бродови ќе почнат безбедно да ги придружуваат неутралните странски бродови надвор од Ормускиот теснец почнувајќи од денеска, опишувајќи го овој напор како „хуманитарен гест“.
Трамп ја нарече иницијативата „Проект Слобода“, велејќи дека на многу заглавени бродови им снемуваат основни потреби.
Иран го добил и го разгледува одговорот на САД на мировниот предлог од 14 точки
Техеран го добил одговорот на Соединетите Американски Држави на иранскиот мировен предлог од 14 точки преку Пакистан и моментално го разгледува, објави синоќа портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.
Тој истакна дека планот на Иран од 14 точки е исклучиво поврзан со прекинување на војната и дека во оваа фаза нема преговори за нуклеарната програма меѓу двете страни.
Највисоките европски лидери се состануваат во Ерменија
Европските лидери денеска се собираат на осмиот состанок на самитот на Европската политичка заедница во главниот град на Ерменија, Ереван. Ќе разговараат за поблиска соработка во демократијата, енергетската безбедност и економските врски.
Зеленски: Украина е подготвена за следната рунда преговори во трилатерален формат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во Ереван за време на средбата со британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Украина е подготвена за следната рунда преговори во трилатерален формат за завршување на војната.
Зеленски во објава на Фејсбук изјави дека со Стармер разговарал за потребата од постигнување праведен и достоинствен мир за Украина.
Кубанскиот претседател вели дека САД бараат изговор за воена интервенција
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, зборувајќи на меѓународен настан за солидарност во Хавана рече дека САД бараат изговор за да започнат воена интервенција против неговата земја.
Обраќајќи се на собирот по повод 100-годишнината од раѓањето на Фидел Кастро, Дијаз-Канел ја критикуваше политиката на САД и ја отфрли карактеризацијата на Куба како закана од страна на Вашингтон.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
