Палестинската група на отпорот Хамас укажа дека договорот за примирје во Газа може да продолжи и покрај неизвесноста околу бројот на заложници кои треба да бидат ослободени до крајот на неделата. Хамас исто така ги отфрлија заканите и притисокот од Нетанјаху и Трамп.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ја потврдија својата посветеност за зајакнување на билатералните односи и проширување на економската соработка. Ердоган рече дека двете земји се согласуваат да ги зголемат напорите за постигнување на целта од 5 милијарди долари трговски обем и ги охрабри турските инвеститори да ги прошират активностите во Пакистан.
Трамп на Индија и понуди продажба на најсовремените Ф-35 борбени авиони. Со премиерот Нарендра Моди ветија дека ќе ја зголемат трговијата, обновувајќи ги односите, и покрај тоа што новата американска администрација засега води остра надворешна политика. Трамп се пожали на индиските царини, но очекува да постигнат нов трговски договор.
Американскиот претседател сака да разговара со Русија и Кина за заедничко намалување на трошоците за одбрана на самит на кој ќе учествуваат лидерите. Трамп смета дека Русија може да се врати во Г7 форматот и дека може да разговараат за намалување на нуклеарното вооружување.
И за крај на денешниот блиц...
Трамп исто така потпиша извршна наредба за реципрочни царини кои ќе ги погодат и сојузниците и противниците, што е драстична ескалација на меѓународната трговска војна, за која економистите предупредуваат дека ќе ја засили инфлацијата. Трамп смета дека системот е многу нефер кон САД и дека дури и сојузниците го злоупотребуваат.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
