| Macedonian
Дневни блиц вести 11.09.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 11.09.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток, 11 септември
11 септември 2025

Атентат врз американскиот активист Чарли Кирк, а расте бројот на жртви во нередите во Непал

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток, 11 септември

Атентат врз конзервативниот активист Чарли Кирк на митинг со студенти

Чарли Кирк конзервативниот активист и еден од најблиските соработници на актуелниот американски претседател, почина откако беше застрелан од огнено оружје на митинг во Универзитетот Јута. Кирк беше еден од главните идеолози на Трамп во поглед на младите гласачи и беше истакнат со бројните дебати, но и контроверзни ставови. 

Тани: Се подготвува регионален одговор на израелскиот напад врз Доха

Катарскиот премиер Мохамед ал Тани изјави дека се подготвува колективен регионален одговор на израелскиот напад врз Доха, нагласувајќи дека во тек се консултации со арапските и исламските партнери.

Милатовиќ - Фидан: Ново поглавје во соработката меѓу Црна Гора и Туркије

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, се сретна со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, во Истанбул, за време на која разговараа за понатамошно зајакнување на политичката и економската соработка меѓу двете земји.

Пакистанската армија тврди дека убила 19 осомничени милитанти

Пакистанската армија соопшти дека убила 19 осомничени милитанти во одделни операции во северозападен Пакистан во текот на изминатите 2 дена. Според Исламабад зад нападите стојат групи поврзани со талибанците, но Кабул ги негира обвинувањата. 

И за крај на денешниот блиц...

Бројот на жртви во насилните протести во Непал се искачи на 31

Бројот на жртви во насилните протести во Непал се искачи на 31, додека се во тек разговорите за формирање привремена влада по насилството што ја собори владата на премиерот Шарма Оли. Армијата ја презеде командата над безбедноста во земјата по протестите на „Генерацијата Зет“.

Тоа беше се за денешните блиц вести, дознајте повеќе на ТРТ Балкан на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 13.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот