| Macedonian
Дневен блиц за 03.09.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц за 03.09.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 3 Септември.

Разговори на Трамп и претседателот на Обединетите Арапски Емирати за Блискиот Исток, Русија пресретнала 37 дронови кои биле упатени кон Москва, Унгарија не поддржува забрзано пристапување на земјите кон ЕУ. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 3 Септември.

Трамп и претседателот на ОАЕ телефонски разговараа за случувањата на Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, телефонски разговараа за случувањата на Блискиот Исток, објави државната новинска агенција на Емиратите денеска.

Двајцата лидери разменија мислења за прашања од заеднички интерес, особено случувањата на Блискиот Исток и тековните напори во врска со нив

Лавров: Русија ги затвора филијалите на Гете-институтот како одговор на потегот на Германија

Русија ќе ги затвори филијалите на Гете-институтот во Москва, Санкт Петербург и Екатеринбург како одговор на одлуката на Германија да го затвори Рускиот дом на науката и културата во Берлин, изјави денеска министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Постојат филијали на Гете-институтот во Москва, Санкт Петербург и Екатеринбург. Секако, тие ќе бидат затворени откако нашиот културен центар ќе биде зартворен“, рече Лавров.

Маѓар: Унгарија не поддржува забрзано пристапување на која било земја во ЕУ

Унгарија не поддржува забрзан процес на пристапување кон Европската Унија (ЕУ) за ниту една земја кандидат, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар по состанокот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.

Маѓар денеска на Фејсбук објави дека со Коста разговарал за проширувањето на ЕУ и го повтори ставот на Будимпешта дека не поддржува забрзан процес на пристапување за „ниту една земја кандидат“.

Русија уништила 37 дронови кои летале кон Москва

Руските воздушни одбранбени сили пресретнале 37 беспилотни летала што летаа кон Москва во одделни бранови во текот на ноќта, изјави денеска, градоначалникот Сергеј Собјанин. Според него беспилотните летала биле неутрализирани во последователни групи од два пати по 10 и еднаш 17.

Земјите од Г20 постигнаа консензус за глобалната политика за технологијата

Министрите на земјите од групата Г20 го завршија дводневниот министерски состанок за иновации во Чапел Хил, Северна Каролина, постигнувајќи консензус за управувањето и распоредувањето на новите технологии. Заедничката изјава, позната како Каролински принципи за нови технологии, ги опишува заедничките цели во шест клучни столба. Тие вклучуваат рамки за политики за иновации, технологии за можности и просперитет и развој на квалификувана техничка работна сила.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.  

Слушни повеќе
Дневен блиц за 18.09.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите