Македонскиот спикер Гаши го поздрави Самитот на верските лидери во Скопје, а Иран му возврати на Трамп за воените капацитети
Слушате Дневни блиц вести, денес сме четврток 2 април
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, го поздрави одржувањето на Самитот на верските лидери на Балканот во Скопје, истакнувајќи дека тоа претставува доказ за заедничката волја за дијалог, меѓусебно разбирање и соработка.
Дуран: Остро го осудуваме законот за смртна казна донесен во Израел
Турскиот директор за комуникации Бурханетин Дуран го осуди законот за смртна казна одобрен од израелскиот Кнесет, кој ќе се применува исклучиво за палестински затвореници. Егзекуциите со бесење ќе ги извршуваат затворски чувари кои ќе имаат имунитет и анонимност.
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтер го погоди северниот дел од Молучкото Море во источна Индонезија рано утрово, при што загина најмалку едно лице и предизвика предупредувања за цунами во делови од регионот.
Шрапнели од ракети паднаа на повеќе локации во централен Израел
Шрапнели од ракети паднаа на повеќе локации во централен Израел, меѓу кои и во Холон и Тел Авив, по силното иранско бомбардирање, јави израелскиот јавен сервис КАН. Исто така амбасадата на САД во Ирак ги повика Американците да го напуштат Ирак поради можни напади од милиции поврзани со Иран.
И за крај на денешниот блиц…
Иран контра Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Иранската војска се закани дека ќе започне „посилни, пошироки и поразорни“ напади врз САД и Израел, отфрлајќи ги тврдењата на САД дека нивните воените капацитети се значително ослабени. Трамп тврди дека војната ќе заврши наскоро и дека се уништени ракетните способности на Иран.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
