Продолжува судењето за пожарот во „Пулс” во Кочани, САД извршија напади врз иранската војска, Иран возврати со напади на американски бази во Бахреин и Обединетите Арапски Емирати. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 2 Септември.
Продолжува судењето за трагичниот пожар во „Пулс“ во Кочани
Во судницата во Идризово денеска продолжува судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Со градежното вештачење треба да заврши доказната постапка на Обвинителството, по што доказите ќе ги изведува одбраната.
Над 88.500 невработени во земјата, а над 60 проценти од работодавачите бараат работници
Повеќе од 60% од работодавачите во земјава изјавиле дека имаат потреба од нови вработувања во Агенцијата за вработување. На пазарот на труд, според официјалните податоци, бројот на слободни работни места надмина 10.000, пренесе Македонска радио-телевизија.
Според податоците на Агенцијата за вработување, во јуни како активни баратели на работа биле евидентирани 88.541 лице. Дополнително, регистрирани се 41.281 пасивни баратели на работа.
И покрај ова приватниот сектор и натаму алармира дека недостигот на работа сила станува сè поголем проблем.
ЦЕНТКОМ: САД завршија низа напади врз иранската војска
Централната команда на американската војска денеска соопшти дека американските сили завршиле со серијата напади врз ирански воени цели кои започнаа вчера.
Соопштено е дека нападите уследиле по неодамнешните обиди за напади врз комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец и врз американски војници.
ЦЕНТКОМ соопшти дека повеќе од 50.000 американски војници моментално дејствуваат низ Блискиот Исток.
Иранска Армија: Извршивме напади со беспилотни летала врз американски бази во Бахреин и ОАЕ
Иранската Армија денеска соопшти дека извршила напади со беспилотни летала врз американски воени објекти во Бахреин и Обединетите Арапски Емирати.
Десетици експлозивни беспилотни летала од раните утрински часови денес ги гаѓале радарските системи и локациите на кои биле стационирани американски сили во воздухопловните бази Ал Дафра и Ал Минхад во ОАЕ.
Калас: Руските хибридни напади носат белези на државно спонзориран тероризам
Руските хибридни напади низ Европа ги носат „сите обележја на тероризам спонзориран од државата“, изјави денеска шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, додека Унијата разгледува понатамошни мерки против Москва.
Зборувајќи пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Ирска, Калас рече дека неколку земји-членки ги повикале руските амбасадори поради нападите.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
