| Macedonian
Дневни блиц вести 02.02.2026
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 02.02.2026
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник 2 февруари
2 февруари 2026

Трамп најави можен договор со Куба; Граничниот премин Рафах во Газа повторно се отвора. Нови документи за Епштајн го споменуваат францускиот претседател Макрон, Нетанјаху одржа безбедносен состанок со врвот на израелските служби; Кина ги критикува САД поради Греми наградата поврзана со Далај Лама.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник 2 февруари

Трамп вели дека е можен договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да заврши со договор, по неговите бројни закани кон карипската земја. „Разговараме со народот на Куба, со највисоките функционери во Куба. Ќе видиме што ќе се случи, но мислам дека ќе постигнеме договор со Куба“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во Флорида.

Граничниот премин Рафах во Газа отворeн по две години

„Преминот Рафах е повторно отворен во пилот-операција“, објави весникот „Једиот Ахронот“. „Според проценките, движењето на луѓе во двата правци ќе започне во понеделник, при што се очекува околу 150 луѓе да го напуштат Појасот Газа дневно, додека околу 50 да се вратат“, објави весникот. Според весникот, на Палестинците кои избегале од Газа за време на израелската војна ќе им биде дозволено да се вратат во енклавата исклучиво преку овој терминал.

Документи поврзани со Епштајн содржат преписки во кои се споменува францускиот претседател Макрон

Новообјавени документи поврзани со починатиот сексуален престапник Џефри Епштајн содржат преписки и референции во кои се споменува францускиот претседател Емануел Макрон. По објавата на заменик-јавниот обвинител на САД, Тод Бланш, кој минатата недела најави објавување на над 3 милиони дополнителни страници документи поврзани со истрагата за Епштајн, името на Макрон привлече внимание во јавноста. Неговото име се појавува во повеќе документи од периодот пред и по неговиот прв избор за претседател во 2017 година.

Нетанјаху свикал безбедносен состанок со високи функционери

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху свикал безбедносен состанок на кој присуствуваа високи функционери, вклучувајќи го и началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили Ејал Замир, кој неодамна се врати од САД, каде што разговараше со американски функционери за Иран, објавија локалните медиуми во недела. Директорот на Мосад, Дејвид Барнеа, исто така, присуствувал на состанокот, објави израелскиот државен радиодифузер КАН.

И за крај на денешниот блиц…

Кина ги критикува САД за пропаганда со Греми наградата за Далај Лама

Кина упати критики до САД по доделувањето на Греми наградата за Далај Лама, опишувајќи го потегот како „политичка алатка“ насочена кон Пекинг. „Како што е општо познато, 14-тиот Далај не е чисто религиозен водач; туку тој е политички е во егзил и е посветен на антикинески сепаратистички активности под маската на религијата“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џиан.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите