| Macedonian
Дневни блиц вести 07.04.2026
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 07.04.2026
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е вторник 7 април

Астронаутите на „Артемис II“ достигнаа најдалечна точка во вселената досега, тензиите околу Иран се продлабочуваат- Техеран го отфрла мировниот план и не попушта пред заканите на Трамп, кој тврди дека земјата може да биде уништена за една ноќ. Русија евакуира персонал од иранската нуклеарна централа. Туркије воведува алтернативни трговски рути поради кризата во Ормускиот теснец.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е вторник 7 април

Астронаутите на Артемис II одлетаа досега најдалеку во вселената од кој било човек пред нив

Четворицата астронаути на мисијата Артемис II на НАСА летаа подлабоко во вселената од кој било човек пред нив, денес после полноќ додека минуваа зад далечната страна на Месечината во нивната капсула Орион. За време на шестчасовниот лет околу, инаку, скриената хемисфера на единствениот природен сателит на Земјата, астронаутите забележаа спорадични „ударни блесоци“ на метеори кои ја расфрлаа затемнетата и силно кратерирана површина на Месечината, објави „Ројтерс“.

Техеран не попушта пред заканите на Трамп, ова е иранскиот мировен план во 10 точки

Иран и Израел денес разменија остри критики, при што Техеран одби да го отвори повторно Ормускиот теснец и да прифати договор за прекин на огнот пред рокот поставен од американскиот претседател Доналд Трамп за исполнување на неговите барања или ќе се соочи со „уништување“. Иран го отфрли американскиот предлог, посредуван од Пакистан, за итен прекин на огнот и укинување на неговата ефективна блокада на теснецот, по што ќе следат разговори за поширок мировен договор во рок од 15 до 20 дена, според извор запознаен со планот.

Трамп тврди дека Иран би можел да биде уништен за една ноќ

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека американските сили би можеле да го „уништат“ цел Иран само за една ноќ. „Целата земја би можела да биде уништена за една ноќ, а таа ноќ би можела да биде утревечер“, им рече Трамп на новинарите. Тој, исто така, го заостри рокот за Иран, предупредувајќи дека до 20 часот денеска секој мост и електрана во Иран ќе бидат „десеткувани“ ако не се постигне договор.

175 руски вработени ја напуштија иранската нуклеарната централа за Москва

Русија денес соопшти дека уште 175 вработени кои беа евакуирани од иранската нуклеарна централа заминале за Москва. Персоналот од централата Бушер преминал во Ерменија преку граничниот премин Нурдуз-Агарак и заминал со специјален лет во понеделник, соопшти руската амбасада во Ерменија. Вкупно 509 руски државјани се вратиле преку Ерменија од почетокот на американско-израелската војна против Иран, соопшти амбасадата.

И за крај на денешниот блиц…

Туркије покрена транзитна трговија со Саудиска Арабија поради кризата во Ормускиот теснец

Туркије започна транзитна трговија со Саудиска Арабија за да се одржи движењето на пратките кон земјите од регионот поради прекините во Ормускиот теснец, објави турскиот министер за трговија Омер Болат. Зборувајќи на церемонија во Анкара, Болат изјави дека производите што не можат да поминат низ стратешкиот воден пат ќе бидат пренасочени преку алтернативни логистички канали.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 30.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите