| Macedonian
Дневни блиц вести 09.12.2025
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 09.12.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е вторник, 9 декември
9 декември 2025

Израел одобри 843 милиони долари за проширување на нелегалните населби на Западниот Брег, Словенија ги разјаснува шпекулациите околу кандидатурата на Тања Фајон за ОН; Австралија воведува строга забрана за социјални мрежи за деца под 16 години. Хрватска купува хаубици „Цезар“, а силен земјотрес во Јапонија повреди 30 лица и предизвика цунами.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е вторник, 9 декември

Смотрич одобри 843 милиони долари за проширување на нелегалните населби на Западниот Брег

Министерството за финансии на Израел, предводено од екстермистот Безалел Смотрич, издвои околу 843 милиони долари во следните пет години за проширување на активноста на нелегалните населби на окупираниот Западен Брег, во она што локалните медиуми го опишаа како форма на „де факто анексија“. Дневниот весник „Једиот Ахронот“ во понеделник објави дека средствата, наменети за изградба на нови нелегални населби, отворање пристапни патишта, зајакнување на безбедноста и формализирање на земјишните евиденции, претставуваат невидена распределба.

Тања Фајон: Не размислувам да се кандидирам за генерален секретар на ОН

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон изјави дека не размислува да се кандидира за функцијата генерален секретар на Обединетите нации, но дека Словенија сака жена да го наследи Антонио Гутереш на оваа позиција.Министерката ќе претседава со три седници на Советот за безбедност на ОН од денес до среда, како дел од претседателството на Словенија. 

Забраната за користење на социјалните мрежи за лица под 16 години стапи на сила во Австралија

Во Австралија, платформите како Инстаграм, ТикТок и ЈуТјуб сега се должни да ги блокираат сметките на корисниците под 16 години или да се соочат со казни до 33 милиони долари, објави Ројтерс. Забраната, пофалена од родителите и застапниците за заштита на децата, а критикувана од технолошките гиганти и застапниците за слобода на говорот, претставува прв практичен обид за регулирање на пристапот на децата до дигиталните платформи и се очекува да послужи како модел за другите земји што разгледуваат слични мерки.

Хрватска купува 18 самоодни хаубици ЦЕЗАР од Франција

Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 18 самоодни хаубици ЦЕЗАР за време на посетата на премиерот Андреј Пленковиќ на Париз. „По повод официјалната посета на Франција, заедно со претседателот Емануел Макрон, присуствувавме на потпишувањето на: Акцискиот план 2026-2028 за спроведување на Стратешкото партнерство, Договорот за купување самоодни хаубици ЦЕЗАР МК2 за хрватската армија и Писмото за намера за купување подобрени способности на авиони Рафал за воздухопловните сили“, наведе Пленковиќ.

И за крај на денешниот блиц…

Силен земјотрес во Јапонија повреди 30 лица, цунамито стигна до брегот на Пацификот

Најмалку 30 лица се повредени во силен земјотрес со магнитуда од 7,5 степени што го погоди североисточниот дел на Јапонија доцна во понеделникот навечер, додека цунами бранови со висина до 70 сантиметри стигнаа до брегот на Пацификот. Поголемиот дел од повредите се пријавени во Аомори и Хокаидо, кои се наоѓаат по должината на голем сеизмички ров каде што често се случуваат силни земјотреси додека Тихоокеанската плоча се нурнува под Хоншу.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 12.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот