| Macedonian
Блиц вести 03.12.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 03.12.2025
Следите блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 3 декември.
3 декември 2025

Ердоган и Макрон разговараа за војната во Украина, Кина се противи на мешањето во внатрешните работи на Венецуела, ЕУ целосно ќе го запре увозот на руски гас до 2027 година. Следите блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 3 декември.

Ердоган и Макрон разговараа за војната во Украина и глобалните предизвици

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот француски колега Емануел Макрон на барање на претседателот на Франција телефонски разговараа за војната меѓу Русија и Украина и за низа глобални билатерални и регионални прашања, објави Претседателството на турската платформа за социјални медиуми NSosyal.

Ердоган изјави дека унапредувањето на соработката меѓу Туркије и Франција е од суштинско значење и дека тие ќе продолжат да преземаат чекори кон таа цел. Во врска со војната меѓу Русија и Украина, претседателот Ердоган рече дека Туркије вложува максимални напори за да помогне во завршувањето на конфликтот преку праведен и траен мир

Кина се противи на надворешно мешање во внатрешните работи на Венецуела

Кина денеска изрази противење на мешањето на „надворешни сили“ во венецуелските работи, додека американските воени операции се шират низ Латинска Америка.

Изјавите доаѓаат по месеци на проширување на американските воени операции низ Латинска Америка, распоредувајќи маринци, воени бродови, ловци и бомбардери, подморници и беспилотни летала, поради шпекулациите дека Вашингтон би можел да започне напад врз Венецуела.

ЕУ целосно ќе го запре увозот на руски гас до 2027 година

Европскиот совет и Европскиот парламент денес постигнаа привремен договор со кој ќе се запре увозот на руски природен гас до 2027 година.

Според соопштението на Советот, новата регулатива утврдува правно обврзувачка, постепена забрана на увозот на руски течен природен гас (ЛНГ) и гас преку гасовод, со целосна забрана на ЛНГ од крајот на 2026 година и на гасоводниот гас од есента 2027 година.

Договорот има цел создавање „отпорен“ и „независен“ енергетски пазар во ЕУ.

Могерини и Санино ослободени по испрашувањето во полиција за скандалот со финансирње на млади ЕУ дипломати

Ректорката на Колеџот на Европа и поранешна еврокомесарка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за Блискиот Исток, Северна Африка и Персискиот Залив, Стефано Санино беа ослободени синоќа откако беа испрашувани од федералната полиција на Западна Фландрија за наводниот скандал околу финансирањето на млади европски дипломати, објави Европското јавно обвинителство.

Ослободен беше и ко-директорот на Колеџот на Европа, Чезаре Зегрети.

Обвиненијата вклучуваат измама во јавните набавки, корупција, судир на интереси и кршење на професионалната тајна, но обвинителството процени дека во нивниот случај „нема ризик од бегство“

Над 50 парови се венчаа среде урнатините на Газа

Во јужниот дел на Газа, во градот Кан Јунис вчера се одржа масовна венчавка за 54 пара, организирана со поддршка од Абу Даби во рамките на одбележувањето на 54. Ден на Унијата на ОАЕ.

Церемонијата, која се одржа меѓу урнатините на уништените згради во станбената област Хамад, беше организирана во рамките на хуманитарната операција „Галантен витез 3“ на ОАЕ.

Тоа беше се за денешнте блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 13.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот