| Macedonian
Дневни блиц вести 12.12.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 12.12.2025
Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 12 декември
12 декември 2025

Премиерот на Бугарија поднесе оставка по протестите, а Лавров тврди дека Русија не е закана за ЕУ и НАТО

Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 12 декември

Жељазков поднесе оставка од премиерската функција

Бугарскиот премиер Росен Жељазков денес поднесе оставка по неколку недели улични протести поради економската политика на владата и за нејзиниот, како што ја обвинуват, неуспех во борбата против корупцијата. Неизвесно е дали ќе опстои коалицијата со ГЕРБ или ќе се оди на нови избори.

Протести во Тирана против корупцијата и сиромаштијата

Во Албанија се одржа протест под мотото „Народот против корупцијата и сиромаштијата“. Стотици граѓани протестираа пред Собранието на Албанија во Тирана, за време на парламентарната седница, на која беше планирано да се одобри и буџетот за 2026 година.

Ердоган: Туркије е посветена на промовирање на мирот и дијалогот

Туркије е посветена на промовирање на мирот и дијалогот, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на меѓународниот форум во Туркменистан. Тој ги нагласи напорите на турската дипломатија за решавање на воените кризи во Газа и Украина. 

ЕУ ќе ја модернизира европската енергетска мрежа

Европската комисија предложи нов пакет за енергетски мрежи, со кој се превидува модернизација на инфраструктурата. Треба да се. „енергетски патишта“ со што ќе се овозможи ефикасен проток на енергија низ сите земји европски земји, поевтина чиста енергија и зголемување на енергетската независност.

И за крај на денешниот блиц…

Лавров: Русија нема агресивни планови кон ЕУ и НАТО

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров посочи дека нема агресивни планови против членките на НАТО или ЕУ. Русија е подготвена да ги формализира и писмените гаранции што е и цел на претседателот Путин, посочи Лавров по прозивките од генералниот секретар на НАТО Марк Руте. 

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 09.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот