Трамп нема да го продолжи примирјето со Иран, а Вучиќ се пофали дека заедно со Израел ќе произведуваат дронови
Слушате Дневни блиц вести, денес сме среда 15 април
Трамп не размислува за продолжување на примирјето со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не размислува за продолжување на сегашниот прекин на огнот со Иран. Конфликтот би можел да заврши или преку договорено решение или преку воена акција што ќе ги елиминира капацитетите на Иран.
Милатовиќ: Клучен момент за забрзување на интеграцијата во ЕУ
Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ започна интензивни дипломатски активности во Берлин, за понатамошно зајакнување на меѓународната поддршка за европската перспектива на Црна Гора што бара решителна акција и забрзување на реформските процеси.
Либан и Израел преговораат во Вашингтон по повеќе од 30 години
Либан и Израел во вторник ја започнаа првата рунда директни дипломатски разговори по повеќе од 30 години под посредништво на САД, додека Израел продолжува со офанзивата во јужен Либан за која вели дека е насочена кон милитантите на Хезболах.
Анкета: 79% од Германците се незадоволни од работата на владата
Ново истражување покажа дека 79% од Германците се незадоволни од работата на владата, која е составена од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на премиерот Мерц, во коалиција со ЦСУ и СПД, во исто време кога расте рејтингот на ултра-десничарската партија Алтернатива за Германија.
И за крај на денешниот блиц…
Вучиќ: Заедно со Израел ќе ги произведуваме најдобрите дронови
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека заедно со Израел ќе произведуваат беспилотни летала и дека неговата земја ќе ги има најдобрите дронови во овој дел од светот, иако беше критикуван дека всушност зад фабриката стои само израелски инвеститор.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
