| Macedonian
Расте бројот на загинати Палестинци, а во Египет откриен монументален антички храм
00:00
00:0000:00
Свет
Расте бројот на загинати Палестинци, а во Египет откриен монументален антички храм
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток, 9 јануари
9 јануари 2025

Десетина Палестинци загинаа во последните израелски напади. Екипите на цивилната одбрана пронајдоа пет тела во близина на општинскиот парк Газа, додека уште четири жртви беа пронајдени по нападот во Деир ал Балах, а куќа во западниот дел беше срамнета со земја, информираат медицински извори. Спасувачките тимови трагаат по исчезнатите.

Најмалку 18 вооружени лица загинаа, а девет беа повредени кога се обидоа да упаднат во претседателската палата во главниот град на Чад. Престрелката, која траела околу еден час, била ставена под контрола од безбедносните сили доцна во ноќта. За време на нападот загина и еден владин функционер. Претседателот Махамат Идрис Деби се обидува да ја стабилизира земјата откако побара француските сили да го напуштат Чад.

Над 12.000 цивили, меѓу кои 650 деца, загинале во војната во Украина од 2022, вели извештај на Обединетите нации. Напливот на напади со беспилотни летала и крстосувачки ракети доведе до пораст од триесет проценти во бројот на жртви, при што загинаа речиси 600 цивили во последните три месеци на минатата година. Од ОН предупредуваат дека овие дејствија може да се квалификуваат како воени злосторства.

Американските власти сметаат дека за 1.600 отсто е зголемен бројот на огнено оружје без сериски броеви кои се употребени во речиси 2.000 убиства, и над 25 илјади кривични дела. Ваквите оружја тешко се следат, и ги заобиколуваат безбедносните проверки. Администрацијата на претседателот Бајден се очекува да донесе извршна одлука за спречување на ваквиот вид оружје, кое над 60 отсто завршува во рацете на сторителите на кривични дела. 

И за крај на денешниот блиц...

Археолозите во египетскиот град Луксор дојдоа до значајни откритија во недопрени делови од храмот во долината на кралицата Хатшепсут и гробницата на кралицата Тети Шери, бабата на првиот фараон на Новото Кралство. Тимот, предводен од познатиот археолог Захи Хавас, откопа над 1.500 украсени камени блокови од храмот  кој намерно бил уништен пред неколку векови. Наодите нудат непроценливи погледи во животот и наследството на овие моќни жени кои ја обликувале историјата на древниот Египет.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 09.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот