Израел ги киднапира волонтерите на бродот „Мадлин“ кон Газа, додека во Лос Анџелес трет ден по ред траат судири меѓу демонстранти и полиција; Италија остана без селектор по тешкиот пораз од Норвешка
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник, 9 јуни
Израел ги грабна волонтерите на хуманитарниот брод Мадлин кон Газа
Израелските војници ги киднапираа активистите на бродот за помош „Мадлин“ што се движеше кон Газа доцна во неделата, соопшти Коалицијата на флотилата на слободата. „СОС! Волонтерите на „Мадлин“ се киднапирани од израелските сили“, соопшти меѓународната невладина организација, која ја организираше мисијата, на Телеграм.Специјалната известувачка на ОН, Франческа Албанезе, која беше во телефонски контакт со капетанот на бродот, изјави: „Во моментот кога бродот беше пресретнат, никој не беше повреден - капетанот ме замоли да снимам“.
Првиот турски дипломат Фидан разговараше со Руте генерал секретарот на НАТО за Газа и Украина
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при што се осврнаа на клучните прашања за конфликтите во Газа и Украина. Извор од турското Министерство за надворешни работи изјави дека Фидан и Руте разговарале за напорите за завршување на војната меѓу Русија и Украина, како и за најновите случувања во Појасот Газа, кој е цел на брутални израелски напади од октомври 2023 година.Тие разговараа и за подготовките за самитот на лидерите на НАТО, кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Хаг, Холандија.
Нови судири на демонстрантите со полицијата на протестите во Лос Анџелес
Стотици демонстранти се судрија со полицијата во Лос Анџелес трет ден по ред, додека администрацијата на Трамп ги продолжува имиграциски рации во сојузната држава Калифорнија. Демонстрантите се собраа пред федералната зграда во центарот на Лос Анџелес барајќи веднаш да престанат рациите на Службата за имиграција и царина на работните места во вториот по големина град во Америка.
Израел ослободи 12 затвореници од Газа по повеќемесечно изгладување и тортура
Израел ослободи 12 затвореници Палестинци, по повеќемесечно заробеништво во кое биле изложени на изгладување и тортура. Станува збор за Палестинци кои биле приведени за време на геноцидната војна на Израел во Појасот Газа. Службата за медиуми на затворениците, поврзана со палестинската група Хамас, соопшти дека 12-те ослободени затвореници пристигнале преку израелскиот контролен пункт Кисуфим и дека се префрлени во болницата „Загинати херои на Ал-Акса“ во Деир ал-Балах.
И за крај на денешниот блиц...
Отпуштен е селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Лучијано Спалети
Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Лучијано Спалети, е отпуштен по поразот од Норвешка (0-3) во натпреварот од Групата „I“ од европските квалификации за Светското првенство што ќе се игра следната година во САД, Канада и Мексико.Спалети ја потврди веста за неговото отпуштање на прес-конференција пред натпреварот против Молдавија, кој е закажан за понеделник.
Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
